Едноставни начини за детоксикација на телото

Споделете со пријателите

Постојано слушаме за прочистување на телото и за тоа колку корисно може истото да биде. Правилното чистење на телото или детоксикација на телото навистина може да ви помогне да постигнете неверојатни здравствени придобивки. Начините за едноставна детоксикација треба да бидат интегрирани во вашето секојдневие со цел да дадат најдобри резултати.

How_to_Detox_1

Покрај вниманието на храната која ја внесувате и на правилно вежбање, постојат и други елементи во здравиот начин на живот. Овие елементи влијаат врз детоксикацијата на вашето тело, па затоа прочитајте ги најефикасните начини како да се ослободите од лошите токсини.

Конзумирајте органска храна секогаш кога можете

Иако не мора сѐ што конзумирате да биде органско, постојат некои намирници кои треба да ги одберете органски.  Кај овошјето и зеленчукот кои доаѓаат со кора, навистина не мора да внимавате дали се органски, но кога се работи за јаболката, јагодите и доматите тогаш органското потекло е навистина важно. Кога одбирате органска храна, одбегнувате токсини кои може да бидат штетни за вашето тело. Ова е едноставен начин за детоксикација на телото, а сѐ што е потребно е да направите правилен избор во маркетот. Изборот на органска храна може навистина да ве ослободи од токсини кои претходно сте ги внеле во организмот, но и да го доведе вашето тело во хармонија.

Пијте повеќе вода

Дури и ако мислите дека веќе пиете доволно вода во текот на денот, зголемете го количеството кое го внесувате. Ако има едно нешто што може да ви помогне лесно и едноставно да го прочистите телото, тоа е дефинитивно водата. Ние тежнееме да мислиме дека пиеме доволно вода, но реалноста е дека треба да го зголемиме количеството.

Водата може да ви помогне вашиот организам природно да се ослободи од токсините доколку редовно пиете вода во текот на денот. Тоа може да придонесе за поубав изглед на кожата, правилно функционирање на органите, подобра циркулација и подобро функционирање на дигестивениот систем.

Заборавете на правилата за конзумација на вода кои досега сте ги слушале. Осум чаши на ден е минимумот, така што слободно зголемете го количеството на вода кое го внесувате во текот на денот.

Заменете го утринското кафе со зелен чај

Малку кофеин е во ред, но треба да бидете внимателни околу тоа колку кофеин внесувате во текот на целиот ден или на неделата.  Иако повременото пиење кафе е во ред, ако сакате да направите детоксикација на телото тогаш работите ќе треба малку да се променат.

Зелениот чај содржи важни антиоксиданси од кои нашето тело има потреба во најприродната форма, а исто така содржи и кофеин и тоа повеќе отколку кафето. Значи, ако се одлучите да го замените вашето утринско кафе со една чаша зелен чај ќе го разбудите телото на здрав начин, а дополнително ќе внесете и доволно антиоксиданси кои имаат многу здравствени придобивки.

Учењето за детоксикацијата не мора да биде комплицирано, но значи дека ќе треба да направите поздрави избори. Ова значи дека одредени „корекции“ ќе мора да бидат направени, но истите се во функција на здраво тело и здрав ум. Замената на кафето со зелен чај е еден пример како да спроведете успешна детоксикација.

Вежбајте повеќе и потете се повеќе

Сите ние знаеме дека вежбањето е суштински дел од здравиот начин на живот и дека тоа помага во губењето на килограми, но станува збор за многу повеќе од тоа. Кога се работи за природно и ефикасно чистење на телото, вежбањето е одлична можност која треба да ја користите.  Иако многу луѓе не размислуваат за вежбањето како начин за детоксикација, сепак тоа може многу да ви помогне во процесот.

Кога вежбате не само што му помагате на телото да се ослободи од мастите и вишокот на тежина, туку му помагате и да се ослободи од вишокот токсини. Како што се потите телото се ослободува од токсините. И не само тоа, вежбањето помага во одржување на здрав дигестивен систем, добра циркулација, добра работа на внатрешни органи и секако  појаки мускулите и поздрави коски.

Потта, дишењето и движењето му помагаат на телото да биде фит, но и да се ослободи од лошите супстанци кои се наталожиле во него. Ако се одлучите редовно на вежбате, тоа е најефикасниот начин да го одржувате телото здраво.  Затоа, набавете удобна облека, изберете активност која ви е интересна и започнете со потење.

Спијте повеќе во текот на ноќта

Иако спиењето може ви изгледа како луксуз кој не можете да си го дозволите, тоа е важен ден од здравиот начин на живот. Без соодветно спиење може да ги зголемите килограмите, да го намалите имунитетот и секако да останете без енергија. Лишувањето од сон, за жал, е сѐ позастапено во современиот начин на живот.

Проблемот со недостатокот на сон, е дека истиот може да се манифестира по некое време.  Недостатокот на сон може да ве направи почувствителни на настинки и болести. Исто така, може да се соочите со недостаток на волја и недостаток на енергија и да ве направи исцрпени. Сето тоа е недоволна грижа за своето тело и својот ум.

Кога спиете 7-8 часа секоја вечер, ова му помага на телото да се одмори и закрепне од дневните активности. Затоа, ова не е луксуз, туку важен начин на кој вашето тело се обновува и подготвува за активности кои следат наредниот ден. Така добриот сон нека биде ваш императив.

Внесувајте повеќе пробиотици 

Можеби сте слушнале за пробиотици или пак можеби не знаете доволно за нив, но се работи за моќни супстанци кои помагаат природно да се елиминираат лошите бактерии од телото. Така, веднаш ставете ги во ваша функција.

Еве неколку работи кои треба да ги имате на ум кога се работи за пробиотици:

  • Во својата природна форма пробиотиците се добри бактерии кои помагаат да се регулира и балансира рамнотежата на организмите.
  • Може да користите одредени намирници кои содржат пробиотици или може да ги најдете како додаток во исхраната.
  • Најзначајната корист од пробиотиците има дигестивниот систем.
  • Користењето на пробиотици не само што помага да се правилната работа на дигестивниот систем, туку помагаат и целото тело да се прочисти.
  • Исто така доколку конзумирате повеќе пробиотици на природен начин ќе го зголемите имунитетот.

Научете како да вклопите супер-намирници  во секој оброк

Добрата страна на супер-храната е дека содржи важни хранливи состојки и антиоксидански кои се потребни за телото да се бори против инфекции. Присуството на овие антиоксиданси и хранливи состојки му помагаат на телото да се бори против штетни токсини и супстанци кои може да го загрозат нашиот имунолошки систем и воопшто целокупното здравје.

Супер намирниците кои се вкусни и хранливи и богати со омега-3 масни киселини и антиоскиданси се:

  • Лосос
  • Туна
  • Авокадо
  • Ореви
  • Бадеми
  • Маслиново масло
  • Ленено семе

Исто така во супер храна спаѓаат и:

  • Боровинки
  • Малини
  • Спанаќ
  • Домат
  • Морков
  • Сладок компир
  • Тикви
  • Јаболка

Обидете се да дел од овие намирници да ги вклучите во секој оброк, знаејќи колку се корисни за вашето здравје. Покрај што се здрави, тие се со ниско ниво на масти и ниска калорична вредност.

Не конзумирајте прости јаглехидрати, бел шеќер, брашно и пржена храна

Белиот леб кој го конзумирате нема никаква нутритивна вредност.  Додатокот на вечерата како белиот ориз или тестенините се  опасни по вашиот струк и вашето здравје. Производите направени од бел шеќер, се штетни и  допринесуваат во зголемувањето на токсините во вашето тело.

Овие едноставни јаглехидрати прават да се чувствувате сити и задоволни кога ги јадете, но потоа предизвикуваат нагло опаѓање на шеќерот во крвта, што не е добро ниту за вашиот апетит ниту за вашето здравје.

Исто така лоши последици на простите јаглехидрати врз организмот се високото ниво на токсини кои може да се наталожат во вашиот дигестивен систем. Ова не се супстанци кои ви се потребни и поради тоа храната од цели зрна и сложени јаглехидрати е од витално значење. Таквата исхрана обезбедува правилна работа на дигестивниот систем.

Како заклучок конзумирајте храна од цели зрна, а ослободувајте се од простите јаглехидрати. Наглото зголемување и намалување на нивото на шеќер во крвта не е добро за вашите килограми, но и за процесот на детоксикација на телото.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *