Како да бидете секогаш фит?

Споделете со пријателите

Тајната на трајното губење на тежината може да се најде во секојдневните одлуки. Треба да се откажете од кратките диети и да се свртите кон промени во начинот на живот во секојдневието. Ако сакате да изгубите вишок килограми засекогаш, мора да останете мотивирани и да воведете некои промени. За ваков потфат потребно е време и трпение. Губењето на тежината е во контрола на вашите одлуки и фокусот на долгорочни цели. Променете го начинот на живот и резултатите брзо ќе се покажат.

Мотивација

  • Поставете си мали, специфични цели. Таа цел напишете ја на стикер и залепете на фрижидер или на огледалото.
  • Користете ја вагата за увид на вашиот напредок, а не како опрема кој предизвикува страв.
  • Правете фотографии пред и после. Нема да верувате колку доказите може да ве мотивираат.
  • Наградувајте се за секој изгубен килограм, со нова опрема за тренинг. Фокусирајте на губење само два килограми. Ако вашите цели се превисоки, може да ве доведат до разочарување и откажување.
  • Пробувајте ги своите омилени фармерки секоја недела,за да видите како напредувате.
  • Замислете точно како би изгледале. Отфрлете ги негативните мисли и заменете ги со позитивни. Вежбајте оптимизам како што ги вежбате мускулите.

Вежбање

  • Избегнувајте ист тренинг секој ден.
  • Користете тегови при вежбањето.
  • Бележете го секој тренинг во календар. Кога подоцна ќе погледнете колку тренинга сте завршиле ќе се чувствувате подобро.
  • Загрејте се пред тренингот.
  • Набавете видеа со вежби кои ви се вам интересни (за оние кои вежбаат дома) со цел да останете во форма.
  • Немојте да претерувате. Дајте му на телото време за одмор.
  • Дури и ако имате 10 минути слободни, искористете ги за тренинг наместо за лежење на кауч.
  • Смислете активност во која ќе ги вклучите и членовите на семејството ( прошетка, куглање…).

Исхрана

  • Јадете храна богата со влакна.
  • Водете дневник на исхрана. Следењето на тоа што јадете може да влијае на вашиот избор бидејќи ќе ве направи посвесни за она што го јадете.
  • Јадете свежа храна. Не внесувајте намирници кои доаѓаат пакувани.
  • Правете мали готвени јадења и јадете повеќе пати во денот.
  • Јадете здрави масти, како што се маслиново масло, ореви, авокадо и семки.
  • Подготвувајте храна ден однапред.
  • Имајте при рака здрава ужина.
  • Додадете протеини во својата исхрана.
  • Направете листа на храна на која не можете да и одолеете и не ја купувајте. Зошто да си отежнувате?
  • Пробајте здрави рецепти за благо.
  • Пијте вода во текот на целиот ден.

Начин на живот

  • Набавете си ја музиката која ја сакате. Тоа дополнително ќе ве мотивира.
  • Спијте по 8 часа секој ноќ.
  • Движете се повеќе во текот на денот.
  • Правете редовни анализи на крвта.
Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *