Дали алтернативите на белиот шеќер се навистина поздрави?

Споделете со пријателите

Ако се обидувате да намалите килограми, елиминацијата на белиот шеќер е првиот чекор кон подобро здравје. Белиот шеќер е 100 % процесиран и не содржи воопшто витамини и минерали, тој е полн со т.н празни калории и предизвикува брзо зголемување на шеќерот во крвта, што последователно предизвикува зголемување на инсулинот, што значи дека оваа намирница има висок гликемиски индекс.

Елиминација на слатките работи од исхраната е навистина тешка, па затоа денес на пазарот се наоѓаат многу алтернативи на белиот шеќер кои се сметаат за поздрави. Но, дали сте се запрашале колку тие алтернативи се навистина поздрави од шеќерот? Прочитајте во продолжение.

Агаве сируп

Како се добива? Се произведува од истото боцкасто растение како и текилата. Откако растението агаве ќе достигне возраст од 10 години, се отстрануваат листовите и се преработува самото стебло на растението, наречено пина. Течноста се екстрахира од пината, се филтрира и се добива агаве сируп.

Колку е здрав? Агаве сирупот има низок гликемискиот индекс што значи дека има минимално влијание на покачување на инсулинот. Содржи 340 kcal во 100 g. Главен полисахарид во агаве сирупот е инулинот, кој главно се состои од фруктоза. Фактот што инулинот има минимално влијание врз покачување на инсулинот, помага во контрола на нападите на глад. Овој сируп е идеален за луѓето со дијабетес. Но, имајте во предвид дека исто како и белиот шеќер, и агаве сирупот е високо процесиран, иако споредено со белиот шеќер овој засладувач е далеку подобар.

agave-_pat_hastings

Мед

Како се добива? Пчелите собираат нектар од цветовите од растенијата и го складираат во своите кошници. Таму вишокот вода од нектарот испарува и она што останува е густ сируп кој го нарекуваме мед.

Колку е здрав? Медот е составен од 20 % вода и 80 % шеќери и тоа главно глукоза и фруктоза. Медот содржи и природни антиоксиданси, витамини (Б1, Б2, Б6 и Ц) и минерали (калциум, магнезиум, железо и цинк). Медот содржи 325 kcal во 100 g. Тој е широко познат по своите лековити својства. Медот не им се препорачува на дијабетичарите бидејќи има висок гликемиски индекс поради простите шеќери глукоза и фруктоза. Исто така медот не се препорачува да го конзумираат и лица алергични на полен, како и деца под 1 година.

honey-023

Јаворов сируп

Како се добива? Сокот се собира (исцедува) од јаворовите дрвја, се вари за да испари водата и потоа сирупот се филтрира. Потребни се од 130 до 190 kg сок за да се добијат 4 kg јаворов сируп.

Колку е здрав? Јаворовиот сируп содржи 348 kcal во 100 g. Јаворовиот сируп е многу ценета намирница со сладок вкус, специфичен мирис и оптимална густина. Иако содржи шеќер, јаворовиот сируп е поздрав од белиот шеќер бидејки содржи витамини, натриум, калиум, калциум и железо. Исто така содржи и многу минерали во трагови. Има антиканцерогени, антибактериски и антидејабетични својства.

B97447266Z.120150417115923000GLE98EBF.11

Кафеав шеќер

Како се добива? Се екстрахира сокот од свежо набраната шеќерна трска. Потоа овој сок се загрева за да испари водата и потоа се врти во центрефуга каде се добиваат кристали со златна боја поради присуството на меласа.

Колку е здрав? Помалку е рафиниран и преработен од белиот шеќер. Но, присуството на меласа е премало за да придонесе некои вистински здравствени придобивки. Исто така од нутритивна гледна точка, кафеавиот шеќер е создаден од истите состојќи како и белиот шеќер. Кафеавиот шеќер содржи 380 kcal во 100 g.

477534954_XS

Стевиа

Како се добива? Листовите од растението стевиа се полни со гликозиди од каде растението го добива благиот вкус. Листовите се потопуваат во жешка вода и потоа поминуваат низ филтер од смола каде се собираат гликозидите. Филтерот од смола се чисти со алкохол за да се ослободат собраните гликозиди кои потоа се кристализираат во ситниот прав кој ние го купуваме.

Колку е здрава? Стевиата содржи само 1,57 kacl во 100 g што ја прави идеална намирница за намалување на килограми. Стевиата е 300 пати послатка од шеќерот но, не го зголемува нивото на глукоза во крвта и не предизвикува покачување на инсулинот што ја прави идеална намирница за дијабетичари. Слаткиот вкус потекнува од гликозидот стевозид кој во организмот не се претвара во глукоза и затоа гликемискиот индекс на овој засладувач е 0. Стевиата има и лековити својства затоа што содржи калиум, калциум, хром, железо, манган, протеини и бета-каротен.

maxresdefault

Заклучок

Бидете внимателни кои од горенаведените засладувачи ќе го изберете, затоа што и покрај тоа што сите наведени алтернативи се поздрави од белиот шеќер, сепак сите освен стевиата содржат приближно калории колку и обичниот шеќер. Исто така водете сметка и за гликемискиот индекс, бидејќи тој е главниот индикатор за тоа колку засладувачот влијае на зголемување на нивото на глукоза во крвта. Особено претпазливи би требало да бидат луѓето со дијабетес.
Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *