3 идеи за подготовка на здрави преливи за салата

Споделете со пријателите

Преливот за салата ја збогатува салатата и ја прави вистински оброк кој ги задоволува сите сетила. Во маркетите денес можат да се купат многу готови преливи кои се преполни со конзерванси, бои, емулгатори, многу масти и многу калории. Имајќи го во предвид фактот што сите овие додатоци се опасни за нашето здравје, многу подобро, а и полесно е да си подготвите сами. Имаме 3 идеи за подготовка на здрави преливи за салата.  Овие преливи можете да ги подготвите во било кое време и да ги чувате во фрижидер околу 5 дена.

 Прелив со сенф и куркума:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажичка оцет балсамико
  • ¼ лажичка куркума
  • ¼ лажичка сол.

Измешајте ги сите состојки убаво и употребете го преливот веднаш или пак складирајте го во стаклена тегличка.

Овој прелив одлично се комбинира со цезар салата, но и со зелена салата од марула и рукола.

Кари прелив:

  • 2 супени лажици ниско маслена павлака
  • ¼ лажичка кари
  • 1-2 чешниња ситно исечкан лук
  • 1 лажичка маслиново масло
  • ¼ лажичка сол
  • малку бибер.

Овој кари прелив одлично се комбинира со зелена салата и пилешко месо.

Гвакамоли прелив со авокадо:

  • ½ авокадо
  • сок од ½ лимон
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1-2 чешниња ситно исечкан лук
  • сол и црн бибер (по желба).

Авокадото убаво изгмечете го со виљушка или пак ставете го во блендер, потоа додадете ги другите состојки и мешајте со лажица дури не добиете хомогена смеса.

Искористете го овој прелив како додаток за било која свежа и здрава салата. Повеќе идеи за здрави салати пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *