Home Здравје Зошто морето е лековито?

Зошто морето е лековито?

8
0
???????????????????????????

Првата асоцијација за лето е море и плажа, па кога веќе одите на море, искористете ги благодетите кои ги нуди. Морето освен што е одлично за релаксација и уживање, исто така е и многу лековито. Прочитајте зошто.

Составот на морската вода е многу сличен со составот на крвната плазма. Морската вода содржи витамини, минерални соли, елементи во трагови, па дури и аминокиселини. Престојувањето во морска вода ги отвара порите и овозможува апсорпција на морската вода низ кожата.

people-relaxing-on-the-beach

Зошто морската вода е лековита?

  • ја подобрува циркулацијата и размената на материите во организмот
  • има аналгетско и смирувачко дејство и може да ја елиминира болката која ја чувствувате на одредени делови од телото
  • помага за намалување на стресот и слабоста
  • го подобрува држењето и движењето кај луѓето кои имаат болести на скелето-мускулниот систем како што се остеопороза, реузматизам и артритис
  • познато е дека вдишување на морските пареи, посебно рано наутро, помага и кај болести на дишните патишта: ринитис, синузитис, хроничен бронхитис, бронхијална астма, фарингитис и сл.
  • еден од најважните елементи во трагови кои се наоѓаат во морската вода е јодот, кој е неопходен за производство на тироидните хормони и правилна работа на тироидната жлезда
  • помага кај некои кожни болести како дерматитис или псоријаза
  • го зголемува имунитетот кај децата
  • купка во морска вода делува како третман за убавина, бидејќи морската вода ги тонира мускулите и ја разубавува кожата, помага во слабеењето и го намалува целулитот
  • преку сончевите зраци ќе добиете неопходна количина на витамин Д, кој делува повеќе како хормон отколку како витамин, одговорен е за здравјето на коските, мускулите, имунитетот, сонот и расположението.

Искористете ги максимално деновите поминати на море, релаксирајте се, уживајте во морските специјалитети, пливајте, шетајте или трчајте по песокот, бидејќи само на тој начин ќе успеете да ги “впиете” сите морски благодети.

Прочитајте повеќе ако ве интересира: Како да ја одржите линијата за време на годишниот одмор?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here