Иако брчките се нормален дел од процесот на стареење, сепак постојат одредени навики во исхраната и во секојдневната нега кои ги потенцираат, т.е го забрзуваат стареењето на кожата.
1) Пушењето
Пушењето е еден од најчестите предизвикувачи на појава на брчки. Постојат истражувања правени врз еднојајчени близнаци, кои покажале дека цигарите имаат голем удел во изгледот на кожата и настанувањето на брчките.
Можеби ќе ве интересира: Намалете го штетниот ефект од цигарите со внес на соодветни витамини и минерали
2) Начинот на исхрана
Внес на поголеми количини на шеќери не влијае само на појава на дебелина, туку ве прави да изгледате и постаро. Наспроти тоа избалансирана исхрана полна со свежи намирници и соодветна хидратација се пат до убава, здрава и еластична кожа.
Рафинираните шеќери и простите јаглехидрати се предизвикувачи на воспалителни процеси во организмот и нагло зголемување на нивото на инсулин, што предизвикува уништување на колагенот и еластинот, а како последица на тоа се јавуваат брчките и опуштена и безживотна кожа.
3) Алкохол
Алкохолот го дехидрира телото и ја суши кожата. Со текот на времето ако постојано консумирате алкохол кожата започнува да ја губи еластичноста и започнуваат да се формираат брчки. Освен тоа алкохолот негативно влијае на нивото на витамини во телото, кои се одговорни за продукција на колаген.
Можеби ќе ве интересира: Дали знаете колку калории содржи вашиот омилен алкохолен пијалок?
4) Џвакање мастика постојано
Претераното џвакање мастики предизвикува појава на ситни брчки околу усните.
5) Спиење со шминка
Да, ова е оправдано да ви се случи 2-3 пати во годината, но никако постојано. Чистење на лицето пред спиеење е особено важно бидејќи на тој начин ги прочистувате порите и и овозможувате на кожата нормално да дише и да се регенерира во текот на ноќта.
6) Не користите соодветен крем за лице
Користењето на соодветен крем за нега на кожата на лицето е од клучно значење за одржување на еластичноста на кожата и намалување на појавата на брчки. Најдобар избор се витамински креми и креми со хијалуронска киселина и колаген. Најдобро е ваквите креми да ги користите на време, затоа што од како ќе се појават брчките, многу е тешко кожата повторно да ја вратите во првобитната состојба. Витаминските креми се препорачуваат до 30-тата година, а кремите со колаген и хијалуронска после 30-тата.
Можеби ќе ве интересира: Природна нега на кожата во домашни услови
7) Постојано правите гримаси
Ова особено се случува дури се шминкате…Следниот пат бидете повнимателни и избегнувајте постојано да правите гримаси кои имаат големо влијание на создавањето на брчки околу усните и очите.
8) Крема со заштитен фактор
Кремата со заштитен фактор треба да ја користите постојано, и во зима и во лето. Дури и само неколку минути на сонце без крема со заштитен фактор, многу штетно влијае на кожата и го забрзува нејзиното стареење.
9) Доволно сон
Спиењето е особено важно за целокупното здравје, затоа што тоа е период кога телото се регенерира во целост. Доволно сон е клучен фактор за убава, здрава и еластична кожа.
Можеби ќе ве интересира: Начини како да го подобрите вашиот сон








