Аронијата ја подобрува циркулацијата во организмот, со што ја подобрува снабденоста со крв на виталните ткива и органи. Таа ја подобрува прокрвеноста на мозокот и помага кај главоболка и мигрена. Аронијата ја прочистува крвта, го намалува крвниот притисок, нивото на шеќерот во крвта и помага при атеросклероза и воспаление на вените.
Аронијата е богата со антиоксиданси, флавоноиди, минерали во трагови, фолна киселина и витамини Б, Ц и Е. Поради високата концентрација на антиоксиданси и витамин Ц и Е, аронијата делува антивирусно, антибактериски и антивоспалително. Богата е и со антоцијани (антиоксиданси) кои го зајакнуваат имунитетот, го намалуваат ризикот од рак и го успоруваат стареењето.

Аронијата благотворно делува на работата на желудникот, ја стимулира работата на штитната жлезда и затоа се препорачува да ја конзумираат луѓе кои имаат хипотиреоза.
Аронијата спречува појава на кардиоваскуларни болести, го намалува крвниот притисок и холестеролот, а позитивно влијае на зголемување на “добриот” холестерол. Таа ја стимулира работата на црниот дроб и помага кај луѓе кои имаат жолчни камења. Исто така благотворно делува врз подобрување на варењето и работата на целокупниот дигестивен тракт. Ги намалува грчевите во цревата, помага кај воспаленија на цревната слузница, но помага и кај дијареа. Аронијата е корисна и кај заболувања на мочните патишта.
Ова овошје помага и за слабеење и одржување на здрава телесна тежина. Помага и за исфрлање на тешките метали од телото, како и на некои радиоактивни елементи во организмот.
Во прилог на сите набројани позитивни својства на оваа мала, но моќна бобинка ви предлагаме да си подготвите тинктура со аронија. Оваа тинктура е одличен начин да ја внесете аронијата во секојдневното мени, затоа што сама по себе аронијата има опор и јак вкус.
Потребни состојки:
- 400 g свежа или замрзната аронија
- 300 g мед
- 600 ml ракија или водка
Начин на подготовка:
Сите наведени состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте ги. Целата смеса потоа префрлете ја во тегла и чувајте ја на темно и суво место 3 дена. Потоа процедете убаво и складирајте ја тинктурата во стаклено шише.
За максимални ефекти, пијте од тинктурата наутро на празен стомак по 30 ml (две супени лажици).








