Во зимските денови кога настинките и вирусите се неизбежни, на телото му е потребно “дополнително гориво” кое ќе го направи помоќно и ќе го олесни справувањето со сите надворешни влијанија. За појак имунитет и подобрување на целокупното здравје ви предлагаме да ја подготвите оваа мешавина со мед, здрави зачини и семе од коприва.
Потребни состојки:
Првин се мешаат зачините и семето од коприва, па на крај се додава медот. Убаво измешајте дури смесата не се соедини па складирајте ја мешавината во стаклена тегла. Од оваа количина ќе добиете 1 голема тегла.
Секое утре на гледен стомак заедно со чаша млака вода во која сте исцедиле сок од лимон јадете по една мала лажичка.
Оваа мешавина е одлична за целокупното здравје, за подигнување на имунитетот и за превенција од многу заболувања. Бидејќи содржи семе од коприва е одлична и доколку имате проблеми со анемија и ниско железо во крвта.
Мешавина има малку интензивен вкус поради циметот и ѓумбирот, но сепак една лажичка наутро нема да ви биде проблем доколку се има во предвид кој се сите здравствени придобивки од косумирањето на сите состојки кои ги содржи.








