Home Здравје 5 здрави утрински навики за убав почеток на денот

5 здрави утрински навики за убав почеток на денот

4
0

Здравите утрински навики се одличен ритуал за почеток на убав и позитивно исполнет ден.

Што е она што може да не направи среќни, да ни даде енергија и виталност?

Понекогаш убавината е во малите нешта, затоа со вас споделуваме 5 едноставни утрински ритуали кои можат да ви го разубават денот.

  1. Не одложувајте го алармот

Звукот на алармот нека ве подигне од кревет веднаш. “Украдените” 5 или 10 минути нема да ви помогнат да се наспиете, туку напротив ќе ве направат многу помрзеливи. Во ваквите моменти на искушение бидете одлучни и решителни затоа што така се гради цврст карактер и став кон нештата.

  1. Секое утро мерете ја својата тежина

Следењето на тежината секојдневно може да ви помогне да си поставите јасни и здрави фитнес цели. Исто така доколку секој ден се мерите ќе превенирате покачување на тежината. Мерете се секој ден во исто време, така ќе знаете дали имате флуктуации во тежината бидејќи гледано на дневно ниво килограмите варираат во зависност од храната и течностите кои ги внесуваме.

  1. Секое утро започнете го со чаша вода и цеден сок од лимон

Секое утро започнете го со чаша вода во која ќе исцедите еден лимон. Овој напиток ќе ви го разбуди и телото и ќе ви помогне во зајакнување на имунитетот, постигнување на оптимални рН вредности во телото и исфрлање на токсините. Лимонот ќе ви ги отвори очите и ќе ви помогне да го одложите кафето. Никако немојте да пиете кафе на празен стомак!

  1. Овошјето јадете го на гладно

Секое утро после чашата вода со лимот, продолжете со некоја овошка или пак со свежо подготвено смути (пронајдете го рецептот за вашето омилено смути тука).

Изедете 1 банана или пак едно јаболко и дури тогаш посегнете по шолјата кафе. Витамините и минералите од овошјето најдобро се апсорбираат на празен стомак.

  1. Кратко истегнување

Најдобар начин да ја раздвижите циркулацијата наутро е да направите барем 3-4 вежби за истегнување. Нема да ви бидат потребни повеќе од 5 минути. Истегнувањето рано наутро ќе ве разбуди и ќе ви даде енергија и сила за целиот ден. За да ви ја олесниме работата погледнете го видеото – Едноставни вежби за истегнување.

Можеби ќе ве интересира: 10 минути пилатес за будење.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here