За да се храните здраво не е потребно многу. Потребна ви е само добра организација и желба. Оброкот на работното место не мора секој ден да биде бурек или сендвич. Многу е едноставно да си подготвите дома здрав појадок и да си го земете со себе на работа.
Ние имаме за вас 5 едноставни предлози за здрав појадок во тегличка:
- Овесна каша со мед и јогурт
Нутритивни вредности: 366 калории, 75 g јаглехидрати, 3.8 g масти и 11 g протеини.

Потребни состојки:
- 4 лажици овесни снегулки
- 1 лажичка мед
- 200 ml јогурт
- овошје по желба (најдобро замрзнати бобинки).
Начин на подготовка:
Сите состојки измешајте ги заедно во мала тегличка и земете ја тегличката со вас на работа.
- Чиа пудинг со какао
Нутритивни вредности: 360 калории, 37.4 g јаглехидрати, 18.8 g масти и 14.5 g протеини.

Потребни состојки:
- 4 лажици чиа семе
- 150 ml млеко (може и растително: бадемово, оризовово, кокосово и сл.)
- 1 лажичка стевиа
- 1 лажичка какао
- ½ банана.
Начин на подготовка:
Сите состојки измешајте ги заедно во тегличка. Бананата насечкајте ја на ситни парченца и додадете ја на крај.
- Густо хранливо смути
Нутритивни вредности: 281 калории, 52.3 g јаглехидрати, 8.4 g масти и 6.1 g протеини.

Потребни состојки:
- 1 банана
- 1 киви
- неколку зрна аронија
- 10-тина замрзнати јагоди
- 10-тина непечени бадеми или индиски ореви
- околу 50-100 ml вода.
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер. Кога ќе добиете убаво и густо смути, ставете го во тегличка.
- Семиња со кисело млеко
Нутритивни вредности: 464 калории, 28.1 g јаглехидрати, 23.9 g масти и 36.8 g протеини.

Потребни состојки:
- 1 лажици сусам
- 1 лажица ленено семе
- 1 лажица семе од сончоглед
- 1 лажица семки од тиква
- 1 лажица овесни снегулки
- 4-5 лажици кисело млеко.
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во тегличка и убаво измешајте ги.
- Киноа снегулки со брусница и мед
Нутритивни вредности: 296 калории, 65 g јаглехидрати, 2 g масти и 6 g протеини.

Потребни состојки:
- 4 лажици киноа снегулки
- 1 лажици сува некандирана брусница
- 1 лажица суви гоџи бобинки
- 1 лажичка мед
- околу 150 ml млака вода или млеко по желба.
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во тегличка и убаво измешајте.
Уживајте во утрото!








