Онлајн пилатес за трудници

Овој тип на часови се специфично наменети за трудници со модифицирани вежби кои се прилагодени за состојбата. Движењата и вежбите се безбедни да се изведуваат во бременост доколку мајката има нормална бременост.

Вежбите се наменети да го раздвижат целото тело, да ја подобрат циркулацијата и да ги олеснат тешкотии кои можат да се јават во текот на бременоста.

Реални искуства на трудници кои вежбаа кај нас ПИЛАТЕС ЗА ТРУДНИЦИ

Часовите ги одржуваме во затворена група на facebook и истите не мора да ги вежбате кога се одржуваат во живо, ги оставаме видеата неколку денови и можете да си вежбате кога и да ви одговара.

Од опрема не ви треба ништо посебно, го користиме телото и вежбите се body weight, единствено ако имате мат простирка за оние вежби кога се лежи долу.

Се плаќа на жиро сметка или онлајн. По уплата ве додаваме веднаш во затворената група на facebook и можете да следите.

Мора да напоменеме дека во бременостa, не се вежба за слабеење, туку за здравје!

1 час е во времетраење од 50 минути.

Одговорен инструктор за часовите е Драгана Младеновска (нејзината пилатес приказна и бременоста можете да ја прочитате тука).

Најбезбедно е вежбање во бременоста после 12-тата гестациска недела кога плодот и плацентата се веќе целосно формирани.

 

en_USEnglish
en_USEnglish