Како да ја подобрите циркулацијата?

Споделете со пријателите

Дали се чувствувате уморно? Имате ли проблем да се концентрирате? Дали често рацете и стапалата ви се ладни, иако надвор е топло?

Причината за овие проблеми може да биде поради намалена или лоша циркулација.

Со природни методи, како вежбање и здрава исхрана можете да ја подобрите циркулацијата и да си го подобрите здравјето.

Циркулацијата можеме да ја замислиме како автопат на кој сообраќајот се одвива лесно и непречено. Возењето е лесно и ефикасно и сите возачи стигнуваат на време на местото каде што одат. Слично се случува и во телото, крвта се движи од белите дробови во срцето, потоа во артериите, па на крај до сите клетки кои ги снабдува со потребните хранливи материи, назад преку вените се враќаат отпадните материи од сите клетки и јаглеродниот моноксид, па крвта оди повторно во белите дробови каде се заменува со чиста крв збогатена со кислород и повторно оди во срцето, така што кругот на движење непрекинато тече…

Ако овој начин на проток на крвта низ телото е пореметен, сите клетки страдаат. Симптомите на лоша циркулација се многубројни, но најзначајни се: утрински мачнини и вртоглавици, замор, постојано ладни раце и нозе, болка во нозете при одење, недостаток на здив при сосема мала физичка активност и сл.

Проблемите со намлена циркулација покрај горенаведените потешкотии можат да предизвикаат и значајни здравствени пореметувања како што се висок крвен притисок и проблеми со срцето што може да предизвика ризик од појава на срцев удар.

Направете детален здравствен преглед

Пореметувањето на циркулацијата може да биде предизвикано од зголемени маснотии во крвта кои можат да доведат до појава на артериосклероза. Седечкиот начин на живот, зголемената телесна тежина, пушењето и лошата исхрана се главни причинители за пореметување на циркулацијата. Детален здравствен преглед е најдобар начин за дијагноза на проблемите поврзани со циркулацијата. Доколку маснотиите во крвта ви се високи не чекајте сами да се намалат, туку сменете го начинот на живот и начинот на исхрана.

Можеби ќе ве интересира: Напиток од лимон и целер за намалување на маснотиите во крвта.

Здравиот животен стил може многу да помогне

Во многу случаи мали промени во животниот стил можат многу да помогнат кога е во прашање лошата циркулација. Умерената физичка активност може да направи чуда за вашето тело. Вежбањето исто така го зајакнува и срцето, помага во намалување на крвниот притисок и ослободување од стресот. Сето тоа може многу да ја подобри циркулацијата.

  • Започнете го денот со вежбање – доволни се само 10-тина минути наутро за да го раздвижите телото.

Можеби ќе ве интересира: 10 минути пилатес за будење.

  • Пешачете секојдневно, не го користете лифтот и доколку можете одете на работа со велосипед.

Можеби ќе ве интересира: Што се случува со телото кога пешачите?

  • Внесете одредени промени во исхраната – намалете го внесот на кофеин, алкохол и газирани пијалоци, избегнувајте намирници кои се полни со шеќери и масти, јадете повеќе свежо овошје и зеленчук, вклучете во исхраната намирници кои се богати со омега-3 масни киселини како што е лососот, ленено семе, јаткастите плодови и сл.

Можеби ќе ве интересира: Храна од растително потекло богата со омега-3 масни киселини.

  • Пијте многу вода – дехидратацијата на телото може да предизвика намалена циркулација, така што соодветен внес на течности е клучен за добра циркулација. Во водата можете да додадете и сок од цеден лимон.
  • Користете чили зачин и ѓумбир задолжително – капсацинот од чили зачинот и гингеролот од ѓумбирот ја забрзуваат циркулацијата и помагаат во полесно исфрлање на токсините од телото.
  • Туширајте се со ладна вода – ладниот туш значајно ја забрзува циркулацијата. За поголеми ефекти поминете го телото со ладна, па потоа веднаш со топла вода. Повторете го тоа неколку пати дури се туширате.
Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *