4 навики кои ќе ви помогнат да се справите со вишокот килограми

Споделете со пријателите

За многу луѓе топлото време и летото претставуваат аларм за намалување на телесната тежина. За жал, само мал број умерено или ектстремно гојазни луѓе успеваат да ја намалат својата тежина. Постојат истражувања кои укажуваат на тоа дека некои луѓе полесно го губат вишокот телесна тежина од другите. Генетиката има навистина голем удел во тежината, но постојат и одредени навики кои помалку или повеќе можат да влијаат на гојазноста.

1) Доручек

Во просек околу 85% од луѓето кои имаат нормална тежина, денот го започнуваат со утринскиоот оброк. Доручекот помага во контрола на апетитот преку целиот ден. Докажано е дека луѓето што јадат наутро внесуваат помалку калории во текот на денот.

Каков треба да биде доручекот?

Изберете појадок во чаша или  овесна каша на која сте и додаделе сечкани ореви или бадеми, можете да си направите и пудинг од чија семе. Со ваков доручек внесувате витамини и минерали потребни за целиот ден, а исто така и многу диететски влакна кои ќе ја активираат и поттикнат работата на дигестивниот систем.

Healthy-breakfast–tips-and-ideas-2

2) Мерете се почесто

Според податоците на истражувачите, редовното контролирање на телесната тежина може да биде еден од клучните фактори за успешно намалување на тежината или одржување на саканата тежина. Ако почесто се мерите ќе имате увид врз вашата тежина и ќе бидете свесни кога се наоѓате во “критичната зона”.

3) Вежбајте

Иако многу студии покажуваат дека исхраната има поважнба улога во процесот на слабеење од вежбањето, сепак тоа не значи дека само диетата ќе ве доведе до посакуваната цел. Вежбањето или умерената физичка активност се од клучно значење за добивање или одржување на витка линија. Ако не секојдневно, барем три пати неделно. Направете си план на вежбање и полека зголемувајте го интензитетот. Групните фитнес активности како аеробик, пилатес и зумба, ќе ви дадат подобри резултати бидејќи вежбањето во група дава поголема мотивација.

exercise-workout-gym-yoga

 4) Не практикувајте рестриктивни диети

Не си задавајте пред себе невозможни диети со преголема рстрикција во изборот на намирниците. Луѓето што се фокусираат на изборот и квалитетот на храната многу полесно ја намалуваат и одржуваат тежината за разлика од оние што практикуваат рестриктивни диети. Најдобра исхрана е онаа базирана на овошје, зеленчук, немасни протеини и интегрални житарици комбинирани во повеќе помали оброци.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *