Најдобри тренинзи за брзо согорување на калории

Споделете со пријателите

Сакате да имате ефикасен тренинг кој ќе согори најмногу калории? Да ја скратиме приказната: погледнете кои се најдобрите тренинзи кога станува збор за согорување на калории.

folks-jumping-on-to-plyometrics-boxes_h

Плиометриски тренинг

Плиометрискиот тренинг опфаќа разни видови на скокови (скокови во место, скокови во далечина, скокови на препреки итн.), а со таквите експлозивни движења ги зацврстувате мускулите и согорувате околу 10 калории во минута. Клучно е да ги изведувате движењата брзо и да скокате внимателно, со цел да спречите појава на повреди, но и да активирате што поголем број на мускули.

Почетниците би требало да започнат со 40-60 скокови во еден тренинг, а за напредните вежбачи дозволени се од 80 до 120 скокови.

melt-kilograms-fitness

Кратки интензивни тренинзи

Својата неактивноста ја оправдувате со недостаток на време? Епа, резултатите од вежбањето може да ги видите дури и ако вежбате само 20 минути дневно, единствено што треба да направите и да го зголемите интензитетот на вежбање. Истражувањата покажуваат дека и 20 минутно вежбање може да доведе до зајакнување на мускулите и забрзување на метаболизмот. Трикот се состои во тоа да вежбате интензивно 30 секунди, по што следи одмор од 10 секунди. Звучи едноставно зар не? Постојат многу онлајн туторијали за ваквите кратки тренинзи, така што не мора да го напуштите домот за да имате ефикасен тренинг кој нема да ви одземе многу време.

tabata

Табата тренинг

Табата е специфичен облик на тренинг во кратки интервали, кој може да согори околу 13,5 калории во една минута. Табата тренингот функционира на следниот начин: имате околу 4 минутно вежбање со висок интензитетот и изменично изведување на максимум 20 секунди од секоја вежба, по што следи 10 секунди одмор. Кратките паузи и високиот интервал на вежбање се одлични за согорување на масти.

300-kettlebell-workout_1-1024x812

Тренинг со тег-ѕвоно

Ако сакате да се ослободите од вишокот на килограми брзо, нема да погрешите доколку вежбате со овој тип на тегови. Тегот ѕвоно доаѓа  во неколку тежини- 2, 4, 8 и 16 килограми. Ваквиот тип на тренинг комбинира аеробични вежби и вежби за зајакнување и ги опфаќа сите мускули во телото. Истражувањата покажале дека може да согорите и до 400 калории во 20 минутно вежбање со тег ѕвоно. Овие тегови се одличен реквизит бидејќи истовремено делуваат на голем број способности како издржливост, сила и флексибилност.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *