Вежбањето и промените во телото кои доаѓаат со возраста

Споделете со пријателите

Со годините, односно како старееме во телото се случуваат промени кои се нормални.

Метаболизмот се забавува, циркулацијата се намалува, прометот на материи исто така се намалува, потребата за енергија се намалува (но луѓето најчесто јадат исто како и порано), се губи густината на коските, кожата ја губи еластичноста, се јавуваат болки во мускуло-скелетниот систем…

Сите овие промени се навистина нормални затоа што како што старее телото многу физиолошки процеси на клеточно ниво претрпуваат промени. Но, дали знаете дека вежбањето и активноста имаат моќ сите овие промени да ги забават, ануллираат и намалат со што гледано долгорочно активноста може да помогне во подобрување на целокупниот квалитет на живот.

Вежбањето не само што го подобрува здравјето на срцето и белите дробови, туку многу истражувања покажуваат дека и малата, но редовна физичка активноста е добра за мозокот, коските, мускулите и менталното здравје.

Редовното вежбањето ќе ве одржи здрави подолго време. Активноста може да го одложи и превенира почетокот на многу хронични болести, да го спречи когнитивниот пад, да ја ублажи депресијата, стресот и анксиозноста, но и да ви помогне да живеете подолго и поквалитетно.

Постојат јасни научни докази дека вежбањето може да го активира системот за репарација и поправка на ДНК во клетките.

Колку побрзо започнете и колку подолго останете физички активни, толку подобро. Сепак имајте на ум дека никогаш не е доцна за почеток.

Иако со возраста ризикот од појава на хронични болести се зголемува, вежбањето порано во животот или во средната доба имаат големо влијание врз целокупното здравје.

Генетиката и факторите на животниот стил ја одредуваат траекторијата на нашиот живот и здравје. Тие можат да влијаат на веројатноста за појава на заболувања во секој момент од животот.

Генетиката многу не можеме да ја промениме, но свесно можеме да влијаеме на своите НАВИКИ и да си го промениме ЖИВОТНИОТ СТИЛ.

Никогаш не е доцна за старт, затоа ве очекуваме на тренинг!

Бирајте група и започнете што побрзо.

За да бидеме поблиску до сите Вас, имаме три локации во Скопје, но и онлајн тренинзи кои можете да ги вежбате кога сакате и каде сакате.

Прочитајте повеќе.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *