Совршен појадок: протеинска чоколадна овесна каша

Споделете со пријателите

Овесната каша е секогаш добар избор за здрав појадок. Овој пат овесната каша решивме да ја збогатиме со протеини и чоколадо, така што финалниот производ е вкусен и здрав појадок на кој тешко кој би можел да му одолее. Овој појадок се подготвува брзо така што можете да го подготвите наутро, да го ставите во тегла и да го земете со вас на работа или пак да го изедете набрзина пред да одите на работа.

Еве што ви е потребно:

  • 3 супени лажици овесни снегулки
  • 1 супена лажица протеинска сурутка (може и со вкус, по можност чоколаден)
  • 10-тина мелени или кршени бадеми
  • 1 лажица семки од тиква
  • 1 мала лажичка какао
  • 2 коцки црно чоколадо
  • 1 мала лажичка кокосово масло
  • 100-150 ml топла вода што не врие.

Измешајте ги сите состојки и на крај додадете ја водата. Оставете ја овесната каша 10-тина минути. Тоа е доволно време овесот да ја впие водата.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *