Урамнотежената исхрана и редовното вежбање сигурно ќе ви помогнат да ја подобрите својата општа состојба, а со тоа ќе ви го подобрат и расположението. Оодредени намирници влијаат во намалувањето на стресот и анксиозноста.
Масна риба
Студенти кои учествувале во истражување и кои редовно конзумирале омега-3 масни киселини, покажале за 20% намалена анксиозност. Тоа не значи дека мора да конзумирате таблети кои содржат на омега-3, туку пробајте да ги внесете овие киселини низ храната.
Чај од камилица
Камилицата е позната меѓу народот по бројните лековити својства. Чајот од камилица покрај антисептичното дејство, делува и смирувачки, односно ја намалува анксиозноста.
Јајца
За мозокот да може правилно да функционира потребен му е витамин Б. Кога на организамот му недостасува овој витамин, чувствуваме збунетост, нервоза, анксиозност. Покрај јајцата кои го имаат овој витамин во себе, истиот може да го најдете и во говетското месо.
Пробиотици
Познато е дека мозокот и цревата комуницираат, а најновите истражувања покажуваат дека во таа комуникација огромна улога играат бактериите. Добрите бактерии живеат во цревата и помагаат во доброто функционирање на гастро-интестиналниот тракт. Земањето на пробиотици, преку јогуртот, се покажало како ефикасно во намалувањето на стресот, анксиозноста и депресијата.
Зелен чај
Зелениот чај е богат со амино-киселинина, наречена Л-танин, кој благотворно делува на целиот организам. Конзумирањето на Л-танин одлично делува врз стресот и депресијата.
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.