5 причини да го вклучите темното чоколадо во исхраната

Споделете со пријателите

Какаото е намирница богата со многу важни нутритиенти. Конзумирањето на какао има многу здравствени придобивки и затоа оваа намирница се смета за суперхрана. Сировото какао е  горчливо и ретко кој би можел да го јаде самостојно. Поради тоа најдобро е да го употребувате како додадток во вашите здрави десерти и се разбира во облик на чоколадо. Темното црно чоколадо е најбогат и најздрав извор на какао. За да бидете сигурни дека конзумирате чоколадо кое е здраво, проверете ја концентрацијата на какао во него. Најдобар избор се оние темни чоколади кои содржат над 70% какао. Освен какаото обратете внимание и на другите сосотојки кои влегуваат во состав на чоколадото. Избегнете го шеќерот, млекото и сојата и изберете темно чоколадо направено со природен и здрав засладувач како што е стевиата.

23

Ви пренесуваме 5 причини зошто би требале повеќе да јадете темно чоколадо:

1) Спречува предвремено стареење и појава на дегенеративни болести

Какаото се наоѓа на трето место од листата на намирници најбогати со антиоксиданси кои се одговорни за уништување на слободните радикали. Слободните радикали се причината за многу болести и дегенеративни заболувања како и предвремено стареење. За антиоксидансите би можеле да размислувате како anti-age состојки, така што конзумирањето на чоколадо со доволно какао ќе го успори процесот на стареење и ќе ве одржи млади.

2) Го храни телото со вредни нутритиенти

Недостатокот на минерали во телото може да биде сериозен проблем за здравјето. 100 g темно чоколадо со 70-85% какао содржи:

  • железо (67% од дневните потреби)
  • магнезиум (58 % од дневните потреби)
  • бакар (89% од дневните потреби)
  • манган (98 % од дневните потреби)

Исто така темното чоколадо содржи и цинк, фосфор, калиум, селен и калциум.

3) Го подобрува расположението

Без обзир на се, чоколадото секогаш има позитивно влијание врз расположението. Влијае на когнитивната функција на мозокот и го зголемува нивото на “среќни” биохемиски невротрансмитери како серотонин и ендорфин.

4) Го подобрува кардиоваскуларното здравје

Чоколадото со 70-80% какао ја регулира работата на срцето и кардиоваскуларниот систем. Исто така го намалува крниот притисок и нивото на холестерол во крвта.

5) Има низок гликемиски индекс

Темното чоколадо има низок гликемиски индекс. Тоа значи дека конзумирање на темно чоколадо не влијае на зголемување на шеќерот во крвта, така што овој вид на чоколадо е добар и за дијабетичари.

Освен темно чоколадо добар извор на какао се и домашно подготвени здрави десерти во кои ќе додадете какао. Наши предлози се следните:

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *