Постои причина зошто урмите се употребуваат со векови. Ова прилично благо и вкусно овошје е богато со многу хранливи материи. Урмите се еден од најупотребуваните десерти на многу нутриционисти кои ќе ви дадат инстант енергија. Полни со калциум, амино киселини, железо и витамини, урмите имаат неверојатни ефекти врз нашето здравје:

1. Го подобруваат здравјето на коските
Силните коски се клучни за заштита на внатрешните органи, но и за заштита од појава болести како остеопороза. Жените се особено подложни на појава на оваа болест, па токму поради тоа тие редовно треба да конзумираат урми. Урмите се богати со калциум, железо и други витамини и минерали како селен и магнезиум , кои се клучни за добро здравје на коските. Затоа, секојдневното конзумирање на урми нека стане ваша навика.
2. Го подобруваат изгледот на кожата
Урмите се одличен извор на витамин Ц и витамин Д. Тие помагаат во подобрување на еластичноста на кожата. Исто така, придонесуваат и за посјаен и помек изглед. Урмите влијаат и против стареењето бидејќи делуваат против слободните радикали во телото. Тоа значи дека може да имате помлад, посвеж и поздрав изглед на кожата доколку конзумирате урми. Избегнете ги скапите третмани на кожата во салоните и наместо тоа додадете урми во вашето мени.
3. Делуваат против воспаленија
Како што споменавме, урмите се богати со многу витамини и минерали. Еден од нив е магнезиумот. Во 100 грама урми има околу 30 милиграми магнезиум, што е 15% од препорачаната дневна доза на магнезиум. Студиите покажуваат дека магнезиумот помага во намалување на ризикот од појава на болести како артритис, Алцхајмерова болест, но и го подобрува кардиоваскуларното здравје.
4. Позитивно влијаат врз дигестивниот систем
Хранливите влакна се клучни за добро функционирање на дигестивниот систем, особено при појава на констипација. Урмите во себе содржат и растворливи и нерастворливи влакна. Во 100 грама урми има околу 7 грама влакна, што е всушност е една четвртина од дневните потреби за влакна. Овие влакна го подобруваат здравјето на дигестивниот систем и го намалуваат ризикот од појава на рак на дебелото црево и заштитуваат од појава на хемороиди.
5. Го подобруваат здравјето на срцето
Урмите се богати со антиоксиданси. Помагаат во намалување на негативните ефекти од слободните радикали. Помагаат и во намалување на лошиот холестерол во организамот, кој е одговорен за многу болести поврзани со срцето. Конзумацијата на урми се поврзува и со зачувување на добро здравје на артериите. Исто така, урмите се извор и на калиум, што помага во релаксација на мускулите и во намалување на високиот крвен притисок.
Како што гледаме, урмите делуваат на целокупното здравје. Одличниот и сладок вкус ги прави вистински избор кога ви се јаде нешто благо. Нашиот предлог се овие вкусни бомбици со урми. Исто така може да ги јадете сирови, да ги потопите во млеко или да ги ставите во салата.








