Што ако не внесувате доволно масти?

Споделете со пријателите

Иако не е тешко да се внесат мастите, сепак многу луѓе решавајќи се на строги, ригорозни, посни и нискокалорични диети го прават тоа.

Зошто е опасно да се исклучат мастите од исхраната?

Мастите се есенцијални макронутриенти, а тоа значи дека за нормално да функционира нашето тело мораме да ги внесуваме од храната.

Секоја клетка во нашето тело има мембрана која е изградена од масти, па од тука може да заклучиме колку се тие неопходни за секојдневната регенерација и одржување на животот.

Heart-Healthy Fats: Foods to Eat for a Healthy Heart | Mercy Health

Мастите се исто така многу важни за хормонскиот баланс во телото затоа што многу хормони за да можат да се создаваат се потребни масти, такви се репродуктивните хормони. Многу често нарушувањата на менструалниот циклус кај некои жени можат да потекнуваат токму од недостаток на масти во исхраната.

Што ќе се случи ако подолг временски период не внесувате доволно масти во телото?

1. Постојано ќе бидете гладни, изморени и опседнати со храна

Мастите играат многу важна улога во ситоста и калорискиот внес. Тие го забавуваат празнењето на желудникот така што дигестијата на оброкот се забавува. Исто така имајќи предвид дека 1 g масти содржи 9 калории што е дупло повеќе од протеините и јаглехидратите (4 калории) јасно е дека тие придонесуваат за калорискиот внес во текот на денот. Кога не би внеусвале масти, најверојатно би ви фалеле калории во текот на денот и затоа цело време ќе се чувствувате гладни и уморни.

2. Болка во зглобовите

Ако имате болка во зглобовите, тоа може да биде и како резултат на недостаток на здрави масти во исхраната. Воспалението во телото е една од главните причини за болни зглобови, а моно, полинезаситените и омега-3 масните киселини имаат антиинфламаторни ефекти и можат да го намалат воспалението, а со тоа да придонесат и за подобрување на здравјето на зглобовите.

3. Витамински недостаток

За да можат да се апсорбираат и искористат пипосолубилните витамини од храната (А, Д, Е и К) потребни се масти, така што ако не внесувате доволно може да дојде до недостаток од овие витамини. Овој недостаток може да се рефлектира на повеќе начини затоа што липосолубилните витамини имаат многу функции во телото.

Nutritional Deficiencies: Causes and Treatments | Ochsner Health

4. Сува кожа и опаѓање на косата

Мастите имаат важна улога во изгледот и еластичноста на кожата. Сувата, нееластичнави безживотна кожа може да значи дека ви фалат масти. Исто така недостатокот од масти може да предизвика дехидратација на скалпот, а со тоа и опаѓање на косата.

5. Нередовен менструален циклус
Мастите се градивни блокови на естрогенот и прогестеронот така што тие имаат многу големо влијание врз репродуктивното здравје. Ако не јадете доволно квалитетни масти, тоа може да предизвика, нередовни, неправилни, ановулаторни и болни менструални циклуси.

Irregular Periods: How Chinese Medicine and Acupuncture can help. •  AcuNatural Health

ЗАКЛУЧОК:

Не се плашете од мастите, иако се калорични тие се витален и есенцијален дел од правилната исхрана.
Внимавајте со процесираните транс масти, тие се непријатели на здравјето!
Фаворизирајте внес на моно, полинезаситени и омега 3 масти кои ги има во: маслиново масло, бадеми, семки од тиква, авокадо, ореви, ленено семе, чиа семе, лосос, сардини, јајца…

Како да внесувате доволно здрави масти во исхраната?

  • Користете маслиново масло како прелив за вашите салати;
  • Користете јатки на дневна база, додавајте во утринската овесна каша или во ужинките (околу 30-тина грама дневно се доволни);
  • Додавајте семки во кашите, салатите, оброците или подгответе си крекери со семиња (чиа семе, ленено семе, семки од тиква);
  • Користете намаз од авокадо или од индиски ореви во замена за процесиран мајонез;
  • Јадете јајца минимум 2 пати неделно .
Go figure: A healthy eating approach helps people be healthy - Harvard  Health
Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *