Утрински тоник за појак имунитет

Споделете со пријателите

Со преодот на температурите од поладно кон потопло, но и обратно се создаваат одлични услови за развој на бактерии и вируси. Токму и затоа најмногу настинки има во ноември и во март. Зајакнување на имунитетот пред да настапи периодот на настинките е од голема важност кога е во прашање превенција.

Токму во контекст на зајакнување на имунитетот имаме одличен рецепт за подготовка на тоник за зајакнување на имунитетот со портокал, лимон, ѓумбир, мед и куркума. Комбинацијата на овие намирници е одлична за подобрување на целокупното здравје.

Портокалот и лимонот се богати со многу витамин Ц. Овој витамин е значаен за превенција од настинки затоа што зголемени концентрации на витамин Ц во крвта имаат поволен ефект врз фагоцитите (клетки кои се борат со бактериите и имаат за цел да ги уништат)  и ја поттикнуваат нивната фагоцитна моќ на уништување.

Ѓумбирот ќе ви помогне за исфрлање на токсините и забрзување на циркулацијата.

Куркумата е одлична за целокупното здравје. Овој зачин поседува антивирусни и антибактериски својства.

Медот слично како и куркумата има изразено антибакериско дејство, но внимавајте секогаш бирајте природен и проверен мед. Исто така имајте во предвид дека колку медот е потемен, толку поизразени се антибакериските својства.

Потребни состојки за една чаша од тоникот за имунитет:

  • 1 лимон
  • 1 портокал
  • 1 лажичка мед
  • 1 cm изрендан корен од ѓумбир
  • ½ лажичка куркума
  • 200 ml вода

Исцедете го сокот од лимонот и портокалот, а потоа сите состојки измешајте ги заедно. За оптимални резултати пијте го овој наптиок секое утре на празен стомак, пред да го испиете првото утринско кафе.

На здравје!!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *