Цреши – најдобрата пролетна супер намирница

Споделете со пријателите

Сезоната на цреши е во полн ек. Не само што се вкусни, туку се преполни со антиоксиданси и носат големи здравствени придобивки, вклучувајќи помош во справување со несоница, болки во зглобовите и мускулите и заштита од кардиоваскуларни болести. Прочитајте ги придобивките од оваа пролетна супер намирница.

cherries (1)

Одлични против несоница

Црешите се еден од ретките природни извори на мелатонин, хормон кој ја намалува температурата во телото, што ве прави поспани. Една студија покажала дека испитаниците кои пиеле една чаша сок од цреши наутро и навечер, спиеле многу подобро. Уште повеќе- концентратот од сокот од цреши лесно се апсорбира во телото, што може да произведе ефекти кои може да се споредат со суплементите на мелатонин.

 Делуваат антиинфламаторно

Истражувањата покажуваат  дека конзумацијата на цреши намалува одредени биомаркери кои се поврзани со хронични воспалителни болести. Поточно, сокот од цреши може да го намали воспалението на зглобовите кај луѓето кои страдаат од артритис.

Солиден извор на витамин Ц и  хранливи влакна

Една порција цреши содржи 25 проценти од препорачаната дневна доза на витамин Ц и преку два грама хранливи влакна.

 Ја подобруваат функцијата на мозокот

Ако имате навика да конзумирате цреши, може да ја подобрите функцијата на мозокот на долг рок. Истражувањата покажуваат дека црешите може и да ги намалат симптомите на Алцхајмерова и Хантингтонова болест.

Ја намалуваат болката во мускулите по напорниот тренинг 

Црешите ја намалуваат болката во мускулите која настанува по вежбањето, а исто така помагаат и во заштита на мускулите на долг рок. И додека болката во мускулите по физичка активност е знак за солидно вежбање, не е секогаш забавно кога следниот ден едвај чекорите по скалите. Се смета дека антиоксидансите со кои се преполни црешите се одличен заштитник  на мускулите и повредите на истите.

Делуваат против кардиоваскуларни болести 

Антиоксидансите кои се пигментите кои им ја даваат црвената боја на црешите, имаат позитивен ефект врз кардиоваскуларното здравје.  Истражувањата на Универзитетот Мичиген откриле дека црешите може да ги намалат ефектите на факторите кои влијаат врз срцеви заболувања и дијабетес.

Заштита од дијабетес 

Црешите имаат низок гликемиски индекс (22), понизок од кајсиите (57), грозјето (46), праските (42), боровинките (40) или сливите (39). Ова ги прави црешите многу подобар избор за меѓу оброк, во споредба со останатото овошје, особено кога станува збор за борбата и заштитата од дијабетес.

Затоа, уживајте во вкусот на оваа пролетна супер намирница која одлично ќе влијае врз вашето целокупно здравје и благосостојба.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *