30 дневен смути предизвик – Ден 5

Споделете со пријателите

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 5

Смути со цвекло

Цвеклото е еден од најдобрите извори на фолна киселина и бетаин. Овие два нутриенти дејствуваат заедно и се мошне успешни во намалување на хомоцистеинот во крвта, кој може да предизвика оштетувања на артериите, а со тоа се зголемува и ризикот од срцевите заболувања. Конзумирајте го цвеклото свежо, а не од тегла. Изложување на цвеклото на висока температура ја намалува моќта на антиоксидансите кои влегуваат во неговиот состав. Освен коренот, и листовите од цвеклото можат да се користат во исхраната. Tие исто така изобилуваат со витамини, минерали и антиоксиданси. Покрај изобилството со хранливи материи (јаглехидрати, белковини и масти), цвеклото ги содржи речиси сите минерали и тоа: калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, литиум, стронциум и бром. Содржи и значајни количини на витамини и тоа:  Б1, Б2, Ц, како и витамин Б12 кој е особено важен во исхраната на вегетаријанците.

Овој рецепт за смути со цвекло ќе ви го наполни телото со витамини и минерали и ќе ви даде енергија. Ви препорачуваме да го конзумирате на гладно, на тој начин ја зголемувате апсорпцијата на витамините.

Што ви е потребно?

  • 1 цвекло со средна големина (ако имате и листови, искористете ги и нив)
  • 1 морков со средна големина
  • 1/2 јаболко
  • сок од 1 лимон
  • 200 ml вода

Како да го подготвите?

Ставете ги состојките во блендер и убаво измешајте.

За крај уживајте 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *