Користете црн бибер за флеки и лузни по кожата, акни и за целулит

Споделете со пријателите
Црниот бибер и маслото од црн бибер се богати со витамини и минерали. Црниот бибер содржи витамин А кој е добар за здравјето на очите, а исто така има и голема антиоксидативна моќ.  Во црниот бибер се наоѓа и витамин К кој помага за добро функционирање на крвотокот и метаболизмот. Дополнително содржи и калциум, калиум и селен. Калциумот помага во коскената минерализација, калиумот пак има способност да го регулира крвниот притисок. Селенот е неопходен за формирање нма коските, ноктите, косата, забите, како и за правилно функционирање на мозокот. Селенот исто така е битен за нормално функционирање на тироидната жлезда.
black-pepper-fb
Користете го овој зачин задолжително во вашите омилена јадења. Ние во продолжение ви нудиме начин како да го користите биберот и маслото од бибер во козметички цели. Еве неколку рецепти кои помагаат доколку имате проблеми со флеки и лузни, акни или пак сакате конечно да се решите од целулитот:

Маска од кисело млеко и црн бибер за флеки и лузни на кожата

Помешајте добро 1 супена лажица црн бибер и 2 лажици кисело млеко. Нанесете ја маскатра на предходно исчистена кожа. Оставете ја да стои 5 до 10 минути, потоа измијте го лицето со ладна вода.

Маска од мед, белка од јајце и црн бибер за акни на кожата

Изматете ја белката со една мала лажичка мед дури не добиете пенеста смеса. Додадете на крајот половина  лажичка црн бибер и хомогената смеса нанесете ја на добро исчистено лице. Оставете да стои 15 до 20 мин. Потоа добро измијте го лицето со млака вода.

Мелем од црн пипер против целулит

Додадете 3 до 4 капки етерично масло од црн бибер во 100 ml крем за тело што имате дома. Масирајте ги со кружни движења местата засегнати со целулит наутро и навечер. Користете го мелемот секојдевно и ефектот ќе го забележите веќе после 10тиот ден.

Масло од бадем, сусам и црн пипер против целулит

Помешајте 2 супени лажици бадемово масло и 2 супени лажици сусамово масло. Додадете на ова 4 капки етерично масло од црн пипер.Помешајте ги добро состојките и масирајте се двапати дневно на засегнатите места.
Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *