Слободно можеме да кажеме дека појадокот е најважниот оброк и претставува предуслов за добар почеток на денот. Правилниот и добро избалансиран појадок може да придонесе многу за вашето здравје. Еве еден интересен, брз и многу здрав рецепт за подготовка на чиа пудинг.
Состојки:
- 2 супени лажици чиа семе
- 1 супена лажица ленено семе
- 1 мала лажичка мед
- 1 мала лажичка какао
- 1 мала лажичка кокосово масло
- ½ банана
- 9-10 бобинки аронија
- малку цимет (по желба)
- 200 ml вода
Начин на подготовка:
Во млака вода (да не врие) ставете го чиа семето, лененото семе, медот, какаото и циметот. Убаво промешајте и оставете да стои 20-тина минути. Потоа додадете ја бананата насецкана на коцки, бобинките аронија и кокосовото масло. Декорирајте по желба.
Овој појадок ќе ви обезбеди енергија за целиот ден. Изобилува со многу хранливи состојки како омега-3 и омега-6 масни киселини, магнезиум (околу 200 mg- половна од дневните потреби), калиум (околу 700 mg- една третина од дневните потреби). Исто така ќе внесете и доволна количина на влакна (околу 25 mg) што ќе помогнат за подобро варење на храната.








