30 Дневен смути предизвик – Ден 30

Споделете со пријателите

Ви благодариме за поддршката во овие 30 дена, стигнавме до крајот.

Очекувајте наскоро краток водич од сите 30 рецепти.


Ден 30

Зелено смути со спанаќ и грозје

За крај, се одлучивме за зелена варијанта на смути со спанаќ. Зелените варијанти на смути се најздрави и најмалку калорични. Спанаќот спаѓа во групата намирници кои се најбогати со железо бидејќи содржи околу 3,6 милиграми железо, што е 20% од препорачаната дневна доза. Грозјето е природен лек за прочистување на крвта. Тоа е богато со витамини А, Б и Ц и со разни минерали. Грозјето делува како природен тоник на организмот бидејќи содржи биофлавониди, кои го штитат организмот од штетното дејство на слободните радикали, кои може да предизвикаат многу заболувања, вклучувајќи ги и малигните болести.

Што ви е потребно?

  • неколку листови спанаќ
  • 10-тина зрна бело грозје
  • 1 банана
  • сок од еден портокал
  • 200 ml вода
  • неколку коцки лед

Како да подготвите?

Измешајте ги сите сосотојки заедно во блендер. За крај декорирајте со парче портокал и уживајте.

На здравје !!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *