5 намирници кои го забрзуваат метаболизмот и помагаат во губење на килограмите

Споделете со пријателите
Кога е во прашање борбата со килограмите, на храната не треба да се гледа како најголемиот непријател. Со правилно избрани намирници и правилна комбинација на истите метаболизмот може да се забрза и губењето на килограмите да започне. Во продолжение 5 намирници кои се вистински пријатели на вашите килограми. Овие намирници ќе ви помогнат да го забрзате метаболизмот и килограмите да започнат да се намалуваат.

Грејпфрут

Грејпфрутот го забрзува метаболизмот и помага при согорување на калориите. Ова овошје ќе ви помогне со внесување на малку калории да се чувствувате сити и полни со енергија. Конзумирајте го во овошна салата или во форма на цеден сок.

Целер

Доколку јадете целер телото ќе потроши повеќе калории да го метаболзира споредено со количината на калории кои ги содржи. Најдобро е целерот да го комбинирате со други намрници во салата или во варива.

Ќе ве интересира: Намалете ги маснотиите во крвта со помош на лимон и целер.

Намирници богати со омега-3 масни киселини

Докажано е дека овие киселини се добри за регулирање на метаболизмот и имаат благотворно дејство кога е во прашање топење на вишокот масно ткиво. Омега – 3 масни киселини најмногу има во рибите како лосос, харинга и туна. Но, освен во риба омега -3 масни киселини има и во продукти од растително потекло. Повеќе за тоа прочитајте овде.

 | Author: Shutterstock

Авокадо

Авокадото помага во согорување на мастите, но исто така неговото конзумирање има позитивно влијание врз целокупното здравје. Авокадото го намалува холестерот, го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, а позитивно влијае и врз здравјето на очите, кожата и косата. Можете да го јадете во салата или да си подготвите вкусен гвакамоли сос (рецепт), исто така интересен и вкусн начин да го конзумирате авокадото е да подготовите здрав чоколаден пудинг од авокадо (рецепт).

Бразилски ореви

Бразилските ореви се полни со антиоксиданси и селен. Овие вкусни јатки го забрзуваат метаболизмот благодарение на селенот кој го содржат во себе. Селенот ја поттикнува работата на тироидната жлезда и го забрзува метаболизмот. Исто така бразилските ореви се полни и со омега-3 масни киселини. Конзумирајте само по 2-3 бразилски ореви на ден, бидејќи внес на селен во поголеми количини од што му е потребно на телото може да биде штетно и да предизвика опаѓање на косата.

Можеби ќе ве интересира: Вода со јаболко и цимет за природно забрзување на метаболзмот.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *