Home Предизвици 30 дневен смути предизвик 30 дневен смути предизвик – Ден 19

30 дневен смути предизвик – Ден 19

5
0

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 19

Богато смути

За денес енергетска бомба која вистински ќе ви замени оброк. Ова богато смути ќе ве држи сити минимум 3 часа. Денес наместо вода се одлучивме да користиме јогурт. Како замена за јогуртот можете да користите и кисело млеко. Добро познато е дека јогуртот е здрав напиток, полн со пробиотици кој поволно влијаат врз здравјето на дигестивниот систем. Јогуртот ќе го помогне вашето слабеење и ќе ве одржи  сити подолго време.

Што ќе ви биде потребно?

  • 200 ml јогурт
  • 2 парчиња ананас
  • 1/2 банана
  • 1 мала лажичка мелени бадеми
  • 1 мала лажичка мелено ленено семе
  • цимет (по желба)

Како да подготвите?

Измешајте ги сите состојки во блендер. Чашата декорирајте ја со парчиња банана и јагода, а одозгора посипете малку чија семе.

На здравје!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here