Основната состојка на овој пилинг за лице е кафето, но и останатите намирници може да ги најдете во својата кујна.
Пилингот од кафе ја регулира циркулацијата, ги отстранува мртвите клетки од кожата, а со тоа ѝ дава одличен сјај и свеж изглед на кожата.

Потребно ќе ви биде:
– 1 лажица талог од кафе
– 1 лажица мед
– 1 лажица маслиново масло
Начин на подготовка:
Измешајте го талогот од кафето, медот и маслиновото масло. Смесата ставете ја во фрижидер и оставете ја 30 минути. Потоа нанесете ја на лице и измијте со млака вода. По само неколку дена ќе забележите неверојатни резултати.








