Важноста на користењето на креми со заштитен фактор за заштита од штетните сончеви влијанија

Споделете со пријателите

Дали сме свесни колку сончевите зраци можат да бидат опасни и да предизвикаат сериозни оштетувања на кожата?

3% од сончевите зраци отпаѓаат на UV зраците кои не се видливи со голо око за нас луѓето. 44% од зраците се во видното поле и 53% отпаѓаат на инфрацрвената радијација.

FAR INFRARED RAYS – FIR (Far Infrared Radiation) – Firtech ...

UV зраците (ултравиолетово зрачење) се невидливи светлосни бранови емитирани од сонцето. Овие зраци спаѓаат надвор од видливиот спектар, што значи дека не се видливи со голо око за луѓето. UV зраците се присутни во сончевите зраци преку текот на целата година и не се поврзани со температурата на воздухот. Најсилни се од 10 до 16 часот.

UV зрачењето е составено од три типа на бранови и тоа UV-A, UV-B и UV-C.

What is Ultraviolet Radiation? | Solar Gard Window Films ...

UV-A зраци: Овие зраци имаат долга бранова должина и можат да навлезат покрај епидермисот и во дермисот, што е внатрешен слој на кожата. UV-A зраците сочинуваат 95% од UV зрачењето што стигнува до Земјата. Овие зраци поминуваат и низ стакло.

UV-B зраци: Овие зраци се 5% од вкупната UV радијација од сонцето, тие не продираат толку длабоко во кожата како што тоа го прават UV-A зраците, но се одговорни за видливите изгореници кои можат да се јават на кожата после изложување на сонце. Овие зраци се најопасни кога станува збор за рак на кожата.

UV-C зраци: Овие зраци не ја достигнуваат површината на Земјата затоа што нашата атмосфера ги апсорбира пред да дојдат до нас.

Инфрацвеното A зрачење кое го емитува сонцето е поопасно за кожата од UV-А и UV-B зрачењата. Тоа продира многу подлабоко од UV зраците и сочинува многу поголем дел од сончевите зраци.

Многу е важно во составот на кремите за заштита од сонцето да биде нагласено дека содржат ефикасни и фотостабилни UV-A и UV-B филтри, но и клеточен активен комплекс на антиоксиданси кои ја штитат кожата од инфрацрвените А зраци.

Што е SPF?

SPF или фактор за заштита од сонцето е мерка колку кремата за заштита од сонце ќе ја заштити кожата од UV-B зраците. Доколку на кремата не е назначено дека има дополнителни филтри SPF не се однесува на заштитата од UV-A зраците кои се исто така опасни и можат да предизвикаат промени на кожата.

Што всушност означува вредноста на SPF?

Ако нашата кожа нормално гори за 10 минути на сонце, користењето на крема со заштитен фактор 15 ќе ни ја заштити кожата за 15 пати повеќе од тие 10 минути, значи 10х15 се 150 минути. Сепак,ова е груба проценка која зависи од типот на кожата, интензитетот на сончевата светлина и количината на крем која се нанесува. SPF е всушност мерка на заштита од изложеност на UV-B и не е наменета да ви помогне да го одредите времетраење на изложеноста.

За најдобра заштита, експертите препорачуваат да се користи крема со минимум SPF 15 и да се користи во количина од 2mg /cm2 кожа и да се повторува со нанесувањето на секои 2 часа.

Добро е да се знае дека SPF скалата и степенот на заштита не се линеарни:

  • SPF 15 блокира 93% од UV-B зраците
  • SPF 30 блокира 97% од UV-B зраците
  • SPF 50 блокира 98% од UV-B зраците

Ова би значело дека крема со заштитен фактор 30 би дала само 4% поголема заштита од кремата со заштитен фактор 15.

Она на што треба да се внимава кога се бира соодветен крем за сончање е дали кремот е со широк спектар, односно дали покрај соодветната UV-B заштита која можеме да ја воочиме од вредноста на заштитниот фактор содржи и други супстанци кои штитат од UV-A зраците кои се исто така многу опасни и можат да предизвикаат рак на кожата, оштетување и предвремено стареење.

Колку често треба да нанесувате крема за заштита од сонцето на вашата кожа?

Кремите за заштита од сонце треба да бидат дел од нашата секојдневна рутина за нега на кожата затоа што UV зрачењето од сонцето е присутно во текот на сите 365 дена од годината. UV-A зраците продираат дури и преку стакло така што соодветната заштита е потреба дури и во затворена просторија во која продираат сончевите зраци.

4 причини зошто е неопходно да користите крема за заштита од сонцето на дневна база

  1. Заштита на кожата од штетните UV зраци

Оштетувањето на озонската обвивка на Земјата го зголемува ризикот од зголемена изложеност на UV радијацијата. Користењето на креми за заштита од сонцето можат да го намалат штетното дејство кое оваа радијација ја има врз нашата кожа.

  • Заштита од канцер на кожата

Канцерот на кожа е еден од најчестите типови на канцер во САД. Користењето на креми за заштита од штетното влијание на сонцето на дневна база може да го намали тој ризик.

  • Го спречува предвременото стареење на кожата

Оштетувањето на кожата од UV зраците предизвикува стареење на кожата преку создавање на реактивни молекули т.н слободни радикали.  Овие молекули го нарушуваат интегритетот и создавањето на еластин и колаген со што кожата забрзано старее.

This One Thing Can Slow Aging by Ninety Percent
  • Одржување на тенот и еластичноста на кожата

UV зраците предизвикуваат црвенило, флеки и нерамнини кои ја прават кожата да изгледа уморно и оштетено. Користењето на креми со заштитен фактор помага за изедначување на тенот и подобрување на текстурата на кожата.

Зошто LADIVAL за заштита од сонцето?

Сите производи за сонце од линијата LADIVAL нудат тројна заштита од UV-A, UV-B и Infrared-A зраците. Со специјалниот комплекс за заштита на Infrared -А LADIVAL нуди 4 пати поголема заштита од штетните зраци на сонцето, во споредба со стандардните производи за заштита од сонце.

Ladival - Potpuna zaštita od sunca
  • наменети се за чувствителна и нормална кожа
  • даваат непосредна заштита
  • производите се хипоалергени и не содржат парфеми, бои и конзерванси
  • лесно се нанесуваат и апсорбираат
  • дерматолошки се тестирани
  • водоотпорни
Ladival | STADA

Линијата за деца LADIVAL for Children ја штити чувствителната детска и бебешка кожа од изгореници и оштетувања предизвикани од сонце. Лосионот е во форма на спреј кој многу лесно се нанесува и е погоден за кожа со дијагностицирана патолошка состојба на невродерматитис.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *