5 совети за меки и мазни стапала

Споделете со пријателите

Грубите и испукани петици се многу непријатни, но и многу непривлечни. Негата за телото треба да биде подеднаква, па затоа без разлика дали е лето или зима посветете си доволно внимание и време за нега на секој дел од телото.

Грижата и негата на телото се клучен чекор за да имате повеќе самодоверба.

Негата на стапалата многу често се запоставува, но и таа треба да биде дел од постојана рутина на нега на телото.

Убави меки стапала, средени нокти и нежни нозе се привлечни за секого, а особено за вашиот партнер.

Негата на стапалата може да биде навистина едноставна, а третманот за нежни стапала можете во целост да си го правите во домашни услови.

Еве 5 кратки и практични совети кои ќе ги направат вашите стапала совршено меки и нежни.

Доволно е овој целосен третман да го практикувате еднаш неделно, но секоја ноќ пред спиење да користите крем за нега на стапалата.

  1. Водења бања

Ставете топла вода со вашата омилена купка, во водата додадете малку крупна морска сол и некое масло кое го имате дома (може и маслиново).

Оставете ги нозете убаво да се навлажнат и да омекнат во водата околу 15-20 минути.

  • Камен за петици

Сигурно дома веќе имате камен за петици кои го користите повремено. Со негова помош отстранете ја целата мртва кожа која ја имате на стапалото.

Тоа што претходно стапалата се добро навлажнети ќе помогне во полесно отстранување на мртвите клетки.

  • Пилинг

Измешајте во сад 1 лажица кафе, 1 лажица крупна сол и 1 лажица маслиново масло. Со оваа пилинг маска нежно тријте ги стапалата во целост. Оставете ги 5-10 минути и потоа темелно исплакнете.

Со овој пилинг ќе ги отстраните сите остатоци од мртви клетки кои не сте успеале да ги отстраните со каменот, но дополнително ќе ја поттикнете циркулацијата и ќе ги омекнете стапалата.

  • Крем за стапала

Кремата за стапала е еден од главните чекори во оваа рутина. Изберете крема која е доволно моќна за да ги даде посакуваните резултати. Кремата е потребно да ја аплицирате секоја ноќ за најдобри резултати.

Предлог за одлична крема за стапала е Flexitol Heel Balm која е наменета за нега на суви и испукани стапала, формулацијата е толку моќна што резултатите се видливи дури и после 1 ден користење. Балсамот за пети содржи дури 25% уреа заедно со други хранливи состојки кои длабоко продираат во кожата и даваат интензивна хидратација.

Amazon.com : Flexitol Heel Balm (56g) : Foot Lotions : Beauty

Flexitol Heel Balm ќе го најдете во секоја подобро снабдена аптека.

  • Памучни чорапи

За максимален ефект од кремата/балсамот веднаш по нанесување ставете на нозете памучни меки чорапи. Носете ги барем 30 минути до 1 час додека убаво да продре и да се апсорбира кремата.

Доколку оваа рутина со сите 5 чекори ја практикувате еднаш неделно, а секоја вечер пред спиење нанесувате на стапалата мала количина од Flexitol Heel Balm загарантирано ќе имате меки и нежни стапала преку текот на целата година.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *