Home Здравје Што претставува фасција?

Што претставува фасција?

27
0

Фасција! Орган-систем во нашето тело на кој не му се дава заслуженото внимание!

Фасцијата е континуиран систем на сврзно ткиво кој обвива, поврзува и организира буквално сѐ во нашето тело, мускули, коски, зглобови, нерви, крвни садови, органи.

Најпластично објаснување: кога би ги извадиле сите коски, органи, кожа и крвни садови од телото, ние сепак би останале во истиот облик. Би останале да си личиме на нас. Фасцијата е таа невидлива архитектура што ни дава форма.

Зошто фасцијата е толку важна?

Без фасцијата, нашето тело нема да има структура. Таа не само што ги обвива органите, туку ги држи на точно одредено растојание, без разлика дали стоиме, лежиме или се движиме. Истовремено ги спојува, но и ги раздвојува. Овозможува лизгање меѓу структурите и размена на механички информации, што е клучно за координирано функционирање на целото тело.

Во научната литература фасцијата сè повеќе се разгледува како сензорен орган. Содржи значително поголем број механорецептори и проприоцептори од самите мускули, некои истражувања укажуваат на 6 до 10 пати повеќе. Ова значи дека фасцијата има огромно влијание врз нервно-мускулната физиологија: таа не само што пренесува сила, туку и информација. Телото „чувствува” преку фасцијата.

Фасцијата памти.

И тука работите стануваат уште поинтересни. Фасцијата реагира не само на физички дразби како повреди, преоптоварување, неактивност туку и на емоционален стрес, негативни мисли и хроничен замор. Овие информации фасцијата ги складира во своите ткива. Сето тоа резултира со крутост, собирање, намалена подвижност, болка која навидум „нема логика”. Ви текнува на таканаречената рефлексна болка? Ве боли рамото, а всушност проблемот е во желудникот. Ве боли вратот, а изворот е во дијафрагмата. Тоа е сигнал од фасцијалната мрежа, ткивото кое сè поврзува, сè пренесува.

Состав и хидрација

Најголемиот процент од фасцијалниот состав е вода, околу 70%. Потоа следува колагенот, еластинот и протеогликаните кои ја формираат екстрацелуларната матрица. Кога фасцијата е дехидрирана, таа губи еластичност, станува крута и лесно се повредува. Затоа хидрацијата не е само „пијте вода за здравје” хидрацијата директно влијае на квалитетот на сврзното ткиво и на начинот на кој телото се движи и функционира.

Како ја одржуваме фасцијата здрава?

Два одговора: хидрација и движење. Но не било какво движење. Фасцијата одговара на бавно, продолжено истегнување, на компресија и на варијабилност во движењата.

Токму затоа јин јогата, која е дел од нашите јога часови, е исклучително ефикасна за работа со фасцијалното ткиво. За разлика од динамичните форми на вежбање кои примарно ги таргетираат мускулите, јин јогата задржува позиции подолго типично од 3 минути со што дозволува бавно, длабоко истегнување на фасцијалните слоеви кои инаку остануваат „заклучени” при брзи движења.

Покрај јин јогата, во нашето студио работиме и со големи пенасти ролери и со нив правиме миофасцијална масажа и специфични вежби за ослободување на фасцијалните адхезии. Ролерите создаваат притисок врз ткивото, ја стимулираат циркулацијата и му помагаат на телото да ги „отклучи” местата каде фасцијата се залепила или собрала. Ова е особено важно за луѓе кои поминуваат долги периоди во седечка позиција.

Фасцијата не е само обвивка. Таа е систем кој чувствува, памти и комуницира. Кога почнуваме да работиме со неа свесно, резултатите се чувствуваат длабоко, не само во подвижноста, туку и во начинот на кој целото тело функционира.


Повеќе совети за здравје пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here