Home Здравје Совршен оброк после тренинг: Протеинско смути

Совршен оброк после тренинг: Протеинско смути

9
0

Оброкот после тренинг е најважниот оброк во текот на денот, тој треба да биде комбинација од хранливи нутритиенти и пред се протеини кои ќе ви помогнат за полесна регенерација на мускулите.

Оброкот после тренинг е важен за:

  • надоместување на потрошениот гликоген,
  • намалување на процесот на разградување(катаболизам) на протеините,
  • зголемување на синтеза на протеините.

Што ќе се случи со вашето тело доколку не јадете после тренинг? – повеќе прочитајте тука.

Ова протеинско смути е совршен спој на хранливи нутритиенти, јаглехидрати, протеини и витамини кои се неопходни за обнова на  потрошените залихи на гликоген и полесно закрепнување и регенерација на мускулното ткиво.

Потребни состојки:

  • 20 g протеинска сурутка
  • 250 ml вода
  • 1 банана
  • 1 лажичка какао
  • 1 лажичка маџун
  • 1 лажичка таан од интегрален сусам
  • малку замрзнати бобинки.

Начин на подготовка:

Ставете се во блендер и уживајте!

На здравје!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here