Дечки рецептот кој го имам денес не е ниту оброк, ниту десерт, туку вкусен топол напиток за подобрување на дигестијата и за зајакнување на имунитетот.
Можете да го консумирате наутро како замена за утринското кафе, 30 минути пред или после оброк или пак навечер пред спиење.
Комбинацијата на состојки е одлична доколку имате гасови, надуеност или непријатности со дигестивниот тракт.
Многу од состојките покажуваат и имуномодулаторни дејства така што редовното консумирањето на овој напиток ќе помогне и за зајакнување на обременета моќ на телото.
Состојки:
- 150 ml чај од нане
- 150 ml кокосово млеко (*на крај ви напишав рецепт како сами да си направите)
- 1 лажичка мед
- 1/4 лажичка цимет
- 1/4 лажичка куркума
Начин на подготовка:
Кесичката нане прелијте ја со зовриена вода и почекајте 10 минути. Во друг сад ставете го кокосовото млеко кое треба да биде топло, значи го загревате ама не до вриење, потоа го додавате медот, циметот и куркумата.
На крај го додавате и чајот од нане и соединувате убаво. Ако имате машинка за нес кафе можете со неа убаво да измешате, но можете и како мене само со лажица.
Пијте го топло и уживајте!
*Рецепт за кокосовото млеко:
- 2 големи лажици кокосови трошки се потопуваат со 300 ml топла вода и се остава така 3-4 часа. Потоа се блендира и процедува.
- Друг начин, што е порелевантен е доколку имате вистински кокос (јас немав), го чистите ја вадите внатрешноста, го сечкате на коцки и го блендрате заедно со 500-600 ml вода (зависи колкав бил кокосот), потоа само процедувате (може да ја додадете и водата што ја има во самиот кокос).
На здравје!!!








