Home Исхрана Варена хељда со сос од спанаќ

Варена хељда со сос од спанаќ

251
0

Одличен предлог за појадок или ручек. Нискокалоричен оброк кој е супер извор на железо и витамини А и Е.

Хељдата во 100 g содржи:

  • 3,4 g протеини
  • 20 g јаглехидрати
  • 2,7 g влакна
  • 0,6 g масти
  • 0,2 g омега 3

Подготовка:

  1. Ставете ја хељдата да се вари во вода (1 чаша хељда и 2 чаши вода) и додадете малку сол
    додека се вари.
  2. Во меѓувреме подгответе го сосот. Ставете го спанаќот во тава што не лепи, јас секогаш ставам поголема количина спанаќ затоа што пушта вода и неговата количина станува помала (можете да капнете 1 капка маслиново масло).
  3. Кога спанаќот ќе омекне додадете кисела павлака и измешајте, на крај додадете малку бибер, сол и малку шафран (или некои од вашите омилени зачини, тука нема правила). Јас додадов малку потпечена брокула и домат, можете и без нив, а
    можете и со нешто свое!

На здравје! 🙂

Рецептот на Елена Ѓорѓиевска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here