Горка диња – природен начин за контрола на шеќерот во крвта

Споделете со пријателите

Горката диња или нејзиното латинско име Momordica charantia претставува тропска лоза која припаѓа на семејството на тикви и многу наликува на тиквички, тиква и краставица.

Ова растение се одгледува низ цел свет и е доста застапено овошје во азиската кујна.

Кинеската сорта е типично долга, бледо зелена и покриена со испакнатитини по целата површина.

Покрај својот остар вкус и посебен изглед, горката диња се поврзана со неколку импресивни здравствени придобивки поради кои се користи ширум светот

Нутритивни аспекти

Горката диња е одличен извор на неколку важни нутртитенти, витамини и минерали.

100 грама свежа горка диња содржи:

  • 20 калории
  • јаглехидрати: 4 g
  • влакна: 2 g
  • витамин C: 93% од дневниот препорачан внес
  • витамин A: 44% од дневниот препорачан внес
  • фолна киселина: 17% од дневниот препорачан внес
  • калиум: 8% од дневниот препорачан внес
  • цинк: 5% од дневн иот препорачан внес
  • железо: 4% од дневниот препорачан внес.

Горката диња е особено богата со витамин Ц, овој витамин е важен микронутритиент кој е вклучен во многу процеси во телото, а исто така поседува и голема антиоксидантна активност.

Горката диња е одличен извор на катехини, гална киселина, епикатехин и холорогенска киселина. Сите овие полифенолни соединенија се моќни антиоксиданси кои имаат голема способност да ги заштитат клетките од оксидативните процеси кои постојано се случуваат во телото и кои се едни од главните причини за појава на малигни заболувања (прочитајте повеќе).

Горката диња има неверојатна моќ да го намали нивото на глукоза во крвта

Благодарение на потентните медицински особини кои ги поседува ова растение уште многу одамна се користело во третман на дијабетес, односно за намалување на нивото на шеќер во крвта.

Многу  научни студии кои се правени во поново време го потврдуваат антидијабетичниот ефект на горката диња (прочитајте повеќе).

Една 3 месечна студија во која учествувале 24 возрасни индивидуи кои земале по 2 mg горка диња на ден покажала значителен позитивен ефект врз намалување на нивото на шеќерот во крвта и на хемоглобинот А1с (тест кој го покажува нивото на глукоза во последните три месеци) – линк до студијата.

Потентните фитонутритиенти кои ги има во горката диња делуваат на начин што го подобруваат искористувањето на глукозата од страна на клетките и ткивата, а дополнително ја подобруваат и секрецијата на инсулин кој е главен хормон за регулација на нивото на шеќер во крвта.

Потенцијално антканцер дејство

Истражувањата во научните кругови го потврдуваат и антиканцер дејството на ова растение врз канцер на желудник, колон, бели дробови и назофарингс – прочитајте повеќе.

Сепак овие студии се правени со стандардизирана форма на екстракт од горка диња во лабораториски услови на изолирани клетки.

Потребни се понатамошни истражувања за да се утврди колку горката диња може да влијае на растот и развојот на канцер клетките кај луѓето, иако ин витро студиите не можат да бидат занемарени.

Позитивни ефект врз намалување на холестеролот во крвта

Високото ниво на холестерол во крвта е значен ризик фактор за појава на артериосклероза што може да предизвика значајни кардиоваскуларни проблеми и заболувања, па дури да биде и причина за срцев удар, што е сеуште причина број 1 за смртност во светот.

Неколку студии кои се правени врз животински модели го потврдуваат позитивниот ефект на горката диња врз намалување на холестеролот во крвта – прочитајте повеќе.

Иако се потребни се дополнителни истражувања со кои ќе се потврди овој ефект и врз луѓе, сепак позитивниот ефект кој го има горката диња врз високиот холестерол и триглицериди во крвта е неминовен.

Сојузник за здраво слабеење

Ефектот кој го има горката диња врз слабеењето во најголема мера се должи на процентуалниот удел на влакната и на нискокалоричноста.

Но, од друга страна пак постојат студии во кои се потврдува позитивен ефект врз намалување на масното ткиво околу стомакот од таблети/капсули кои содржеле стандардизиран екстракт на горка диња.

Една студија во која учесниците консумирале капсули кои содржеле по 4.8 g екстракт од горка диња загубиле по 1.3 cm во обем после 7 недели консумирање на капсулите – прочитајте повеќе.

Можни несакани ефекти и претпазливост

Горката диња и екстрактот од горка диња имаат навистина потентни својства и затоа треба да се консумираат внимателно.

Бидејќи дејството на оваа билка врз намалување на нивото на глукоза во крвта е потврдено и со многу студии, луѓето кои се на терапија за намалување на шеќерот пред да земаат некој додаток во исхрана кој содржи горка диња би требало да се консултираат со својот доктор за да се превенира т.н состојба на хипогликемија поради синергистичкиот хипогликемичен ефект ефект на лековите и горката диња.

Бремени жени и жени кои дојдат не треба да консумираат горка диња затоа што нема литературни и научни докази кои ја потврдуваат безбедноста.


Кај нас ова растение можете да го најдете во форма на хербален додаток во исхраната во форма на густа суспензија за перорална апликација со кафено-зеленкаста боја со слаб специфичен мирис и карактеристичен вкус.

“Горка Диња” е 100% природен, чист, еколошки, хербален додаток во исхраната.

Се препорачува конзумирање на Горка Диња два пати на ден по една кафена лажичка. Не се препорачува конусмација на Горка Диња за време на бременост и доење.


Овој производ можете да го најдете во аптека Варуфарм во Скопје, за другите градови повеќе информации ќе добиете на следните броеви: 070 259 222 и 070 316 011.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *