6 грешки кои го забавуваат метаболизмот

Споделете со пријателите

Метаболизмот го одредува количеството енергија, односно калории, коишто секојдневно му се потребни на телото. Околу 70% од тие калории се искористуваат за основните метаболички процеси во телото како дишење, работа на срцето, циркулација на крвта, растење и обновување на клетките и сл. Тоа се нарекува и базален метаболизам. 10% од калориите се користат за варење и апсорпција на храната, а останатите (околу 20%) им даваат енергија на скелетните мускули за движење. Затоа доколку се занимавате се одредена физичка активност можете да си дозволите да внесувате повеќе калории без притоа да влезете во калориски суфицит и да добиете на тежина.

Метаболизмот сам по себе не ја одредува вашата тежина. Телесната тежина зависи од бројот на внесени и бројот на согорени калории. Метаболизмот е механизам којшто ги согорува калориите и одлучува колку калории му се потребни на телото. Проблемот со вишокот килограми настапува кога внесувате повеќе калории отколку што му се потребни на вашето тело.

Активноста на метаболизмот зависи од повеќе фактори: пол (жените имаат поспор метаболизам споредено со мажите), возраст (стареењето го забавува метаболизмот), физичката активност, начин на исхрана и сл. Сепак постојат одредени грешки и секојдевни навики кои можат да влијаат на забавување на метаболизмот. Во продолжение прочитајте кои се и трудете се во иднина да ги елиминирате.

1) Внесувате премалку калории

Јадењето помалку калории на дневна база може да предизвика голем пад на метаболизмот. Иако е потребно да бидете во калориски дефицит за да губите тежина, сепак намалување на калорискиот внес може да биде сосема погрешно. Причината лежи во фактот што телото е навистина “паметно” и за многу кратко време се навикнува на помалку храна, со што се намалува стапката на  калории кои се трошат за базален метаболизам.

Постојат многу контролирани студии правени кај луѓе со прекумерна тежина кои внесувале помалку од 1000 калории дневно. Студиите докажуваат дека калорискиот дефицит не им помогнал во намалување на килограмите бидејки телото за кратко време се адаптира на помала потрошувачка. (1, 2)

2) Не внесувате доволно протеини

Многу студии докажуваат дека протеините помагаат да се чувствуваме сити и значајно можат да ја зголемат потрошувачката на калории и да го забрзаат метаболизмот. (3, 4)

Забрзувањето на метаболизмот настанува како резултат на термичкиот ефект кој протеините го поседуваат. Тие го забрзуваат метаболизмот многу повеќе споредено со јаглехидратите и мастите и можат да превенираат забавување на метаболизмот кај луѓе кои се на рестриктивни диети со внес на помалку од 1000 калории дневно.

proteini

3) Имате седечки начин на живот

Постојаното седење во текот на денот може многу да влијае во намалување на метаболичката стапка. За несреќа повеќето луѓе поминуваат по 8 часа во седечка позиција дури се на работа. Доколку сепак после работното време сте физички активни и не седите пред телевизор ја зголемувате потрошувачката на калории и превенирате забавување на метаболизмот. Кога велиме физчка активност се мисли и на чистење во домот, шетање во паркот со вашите деца, но и активност како вежбање аеробик, пилатес, пливање, планинарење, трчање, возење велосипед, вежбање во теретана и сл.

Доколку 8 часа работите во седечка позиција, трудете се после работното време колку можете помалку да седите. Бидете активни на било кој начин со што ќе превенирате забавување на метаболимот и ќе си го зачувате здравјето.

Можеби ќе ве интересира: Вода со јаболко и цимет за природно забрзување на метаболизмот.

4) Не спиете доволно

Сонот е многу важен кога е во прашање здравјето. Недостатокот од сон може да предизвика бројни заболувања и нарушувања и тоа: појава на кардиоваскуларни болести, дијабетес, депресија и сл (5).

Постојат студии кои докажуваат дека недоволно сон може да влијае врз забавување на метаболизмот и добивање на тежина. (6,7).

Можеби ќе ве интересира: Начини како да го подобрите вашиот сон.

beautiful girl sleeps in the bedroom

5) Многу често пиете газирани пијалоци и засладени сокови

Газираните пијалоци и засладените сокови се најлошите пијалоци за вашето здравје. Шеќерот кој го има во овие пијалоци може да предизвка инсулинска резистенција, појава на дијабетес, дебелина и сл. (8)

Ако имате навика наместо вода постојано да пиете сокови, избете варијанта на природно цеден сок разреден со вода во однос 1:3 во кој ќе додадете малку ѓумбир.

6) Не вежбате со тегови

Вежбањето со отпор односно со тежина е одлична стратегија да превенирате забавување на метаболизмот.

Тренингот за сила го забрзува метаболизмот во голем степен и тоа како резултат на зголемување на мускулната маса во телото. Колку повеќе масното ткиво го замените со мускулно ткиво, толку повеќе телото ќе троши калории во мирување. (9)

Во една 6-месечна студија во која учествувале луѓе кои тренирале само по 11 минути на ден и тоа 3 дена во неделата дошло до 7.4% забрзување на метаболизмот, односно потрошувачката на калории на дневно ниво се зголемила за 125 калории. (10)

Можеби ќе ве интересира: Златни правила како да го забрзате метаболизмот.

weight-training-tips_11

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *