Подгответе си сами домашен овошен јогурт со суви сливи за полесно празнење на цревата

Споделете со пријателите

Проблемот со празнење на цревата е можеби еден од најчестиот проблеми со кој се соочуваат луѓето. Може да ги зафати сите, и стари и млади и секогаш решението е во промена на исхраната и секојдневните навики. И проблемот со хемороидите кој е многу застапен меѓу популацијата многу често е поврзан со тешкото празнење на цревата.

За решавање на проблемот со констипација најдобро е да внесувате храна која изобилува со растителни влакна, да пиете многу вода и секако да бидете физички активни. Доколку го практикувате тоа бидете сигурни дека никогаш нема да имате проблем.

Брзата храна, белото брашно, рафинираните шеќери и физичката неактивност се главните виновници кои можат само да го продлабочат овој проблем.

Подготвивме за вас еден одличен рецепт кој изобилува со растителни влакна, пробиотици, витамини и минерали и кој е одличен за здрав почеток на денот и здраво будење на дигестивниот тракт – Овошен јогурт со суви сливи.

Потребни состојки:

  • 200 ml јогурт
  • 5-7 суви сливи (но претходно киснати во вода, барем 2 часа или преку ноќ)
  • 1 киви
  • ½ банана
  • 1 лажица мелено ленено семе
  • 1 лажица чиа семе.

Начин на подговорка:

Водата од сувите сливи фрлете ја и сите состојки ставете ги во блендер, мешајте дури не добиете густа хомогена смеса која личи баш на овошен пудинг.

Овој појадок содржи 428 калории, 71.1 g јаглехидрати, 13 g масти и 12.1 g протеини и околу 14.5 g растителни влакна, тоа е околу 60% од дневната препорачана количина на внес на растителни влакна за жени (препорачано 25 g за жени) и околу 40% од дневната препорачана количина за внес на растителни влакна за мажи (препорачано околу 35 g за мажи).

Можеби ќе ве интересира: 7 намирници против констипација.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *