Овој овошен коктел со освежителен вкус е вистинска ризница на витамин Ц и е одличен за зајакнување на имунитетот. Дополнително содржи и витамин Е кој е одличен и за кожата. Куркумата покрај лековитите својства, му дава на овој летен коктел посебна свежина и интересен освежувачки вкус.
Повеќе за лековитите својства на куркумата, прочитајте тука.
Можеби ќе ве интересира: 7 супер зачини за слабеење и подобро здравје
Потребни состојки:
- сок од 1 лимета
- сок од 1 лимон
- сок од ½ портокал
- неколку свежи малини или некои други свежи бобинки
- 1 лажичка мед
- 1 лажичка куркума
- околу 200 ml минерална вода
- коцки лед (по желба).
Начин на подготовка:
Во чаша измешајте ги заедно сите состојки и на крај додадете ги свежите бобинки и коцките лед.
Уживајте во освежителниот, леден напиток!
На здравје!
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.