Home Исхрана Зошто треба почесто да јадете целер?

Зошто треба почесто да јадете целер?

10
0

Целерот ни приближно не ја добива улогата во нашето мени која ја заслужува. Прочитајте зошто целерот треба почесто да биде дел од вашиот оброк.

celery_chopped1

Целерот содржи високо ниво на хранливи влакна, кои помагаат храната да се движи низ дигестивниот тракт побрзо, а со тоа и помага во намалување на ризикот од рак на дебелото црево. Интересно е што овој зеленчук има многу различни витамини и минерали во одличен сооднос. Содржи витамин Ц, витамин Б6, а најзастапен е витаминот К. Една порција целер задоволува 37% од дневните потреби за витамин К.

Целерот има неверојатно ниско ниво на калории – само 16 по една порција. Ова е една од причините зошто тоа е толку популарна храна за оние кои држат диета. Има  репутација на храна со “негативни калории” храна, што всушност апсолутно ја  заслужува.

Целерот е богат извор на флавоноиди кои се познати по своите моќни антиоксиданстни својства. Тој исто така содржи и зеаксантин, лутеин и бета-каротен, кои според истражувањата ги намалуваат воспаленијата и го намалуваат ризикот од болести на срцето, го подобруваат имунолошкиот систем и го спречуваат раст на абнормални канцерогени клетки.

Еве неколку придобивки кои го издвојуваат целерот од другите зеленчуци:

  • Ја намалува инфламацијата во телото. Конзумирајте почесто целер ако имате болки во зглобовите, инфекции на грлото, астма или било какво воспаление.
  • Креира алкална средина во вашето тело. Во алкална средина се намалува ризикот од развој на рак.
  • Помага во варењето на храната. Целерот има вкус на крцкава вода поради големиот процент на вода и влакна во него. Сепак избегнувајте го ако имате дијареа.
  • Содржи добри соли. Солта во целерот е органска, природна и неопходна за вашето здравје.
  • Го намалува “лошиот” холестерол (LDL). Само две стапчиња дневно ќе ви помогнат да го намалите “лошиот” холестерот.
  • Го намалува крвниот притисок. Целерот содржи активни состојки наречени фталиди кои ја подобруваат циркулацијата во телото. Ова помага во намалување на високиот крвен притисок.

Совети при купување и готвење:

Изберете целер со прави стапчиња кои се кршат при свиткување. Листовите исто така треба да се свежи. Исто така запоменете, колку е потемна бојата, толку е посилен вкусот.

Најдобра опција за приготвување е како свежа салата веднаш штом ќе го купите. Исто може да го готвите на пареа при што ќе го задржи и вкусот и витамините.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here