Домашни маски за негувана коса

Споделете со пријателите

Негуваната и сјајна коса е императив за секоја жена. Негата на косата не мора да подразбира скапи третмани. За нега и одржување на здрава коса, ви предлагаме сосема природни и домашни маски за коса кои се одлични за нега на скалпот и влакното. Правењето на домашни маски за коса не само што е евтино, туку и многу едноставно и практично бидејќи намирниците доаѓаат директно од вашата кујна.

Проверете кои се најефикасните природни маски за нега на вашата коса.

egg-mask-for-damaged-hair

1. Маска со јајце

Јајцата се богати со многу хранливи супстанци, витамин Д, А и Б, железо и протеини. Всушност протеините во јајцата се едни од најквалитетните протеини кои може да се најдат во храната. Кои хранливи материи од јајцата ќе ви помогнат во нега на косата?

  • Протеини: го негува коренот на косата и овозможува побрз раст
  • Масти: даваат природен сјај на косата
  • Витамин А: помага при кршлива коса
  • Витамин Д: ја заштитува косата од опаѓање
  • Калциум: помага во забрзување на растот на косата.

Како да подготвите домашна маска за коса од јајца?

Потребни намирици:

  • 1 јајце (за подолга коса, користете 2 јајца)
  • 1/2 чаша млеко
  • сок од 1 лимон
  • 2 лажички маслиново масло

Исто така, потребна ќе ви биде капа за туширање или пластична кеса.

Начин на подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките, во зависност од тоа каква коса имате. За масна коса, користете само белки од јајца, за сува коса само жолчки од јајца или цело јајце за нормална коса. Ставете го делот од јајцето што го користите во еден сад. Промешајте добро и додадете го млекото и маслиновото масло и заедно промешајте. Додадете го и лимоновиот сок. Нанесете ја маската на скалпот на косата, а потоа нанесувајте кон врвовите. Косата замотајте ја во капа за туширање или пластична кеса и оставете ја да отстои 15 минути. Измијте со млака вода и органски шампон.

pinterest-diy-hair-masks-banana-870

2. Маска со банани

Бананите се најдоброто овошје кое може да го најдете во текот на целата година. Богати со витамини, антиоксиданси и природни масла, бананите се одличен избор за подготовка на домашна маска за коса. Маската од банани ќе ги зајакне влакната на косата и ќе ја зголеми нивната еластичност. Еве кои се моќните нутритиенти во бананите кои ќе бидат во функција на вашата коса:

  • Витамин А: помага во сува и оштетена коса
  • Витамин Е: ги зајакнува фоликулите на косата и за потхранува
  • Витамин Ц: ја регулира масноста во косата.

Како да подготвите маска со банана?

Потребни намирници:

  • 1 или 2 излупени банани
  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица мед

Начин на подготовка:

Изблендирајте ги бананите во блендер. Додадете го медот, кокосовото масло и маслиновото масло и повторно изблендирајте. Нанесете ја маската на влажна коса и оставете ја отстои 10 минути. Измијте ја потоа само со млака вода.

Amazing-Benefits-Of-Yogurt

3. Домашна маска со јогурт

Јогуртот е преполн со антиоксиданси, витамини, калциум и протеин. Има негувачко дејство и е особено полезно за масна коса.

Како да ја подготвите?

Потребни намирници:

  • 1/2 чаша јогурт (или помалку, во зависност од големината на вашата коса)
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажица мед

Начин на подготовка:

Измешајте го јогуртот, јаболков оцет и медот во еден сад. Нанесете ја мешавината на скалпот, нежно пренесувајќи ја кон краевите на косата. Оставете да дејствува 15 минути, потоа измијте со млака вода и шампон.

Како останатите намирници кои се користат во овие маски се полезни за вашата коса?

Маслиново масло

Ја хидрира косата т.е. делува како природен навлажнувач. Одлично е за нега на сува и оштетена коса и за расцепкани врвови, давајќи и природен сјај и свежина на косата.

Млеко

Ја омекнува косата.

Лимон

Лимонот дејствува на тој начин што ги затвора порите на скалпот, а со тоа го ослободува од вишокот на маснотии во вашата коса. Но, мора да бидете внимателни – тој може да ја осветли бојата на косата, па осигурајте се дека сокот од лимонот ќе го користите доволно разреден со вода, во сооднос 1:2.

Кокосово масло

Одлично за одржување на мека и здрава коса, давајќи и истовремено сладок мирис. Кокосовото масло делува против оштетена коса, особено по нејзино изложување на сонце или на променливо време.

Мед

Медот е многу  полезен, особено ако имате сува коса или првут. Со своето регенетативно дејство ја негува истата, давајќи ѝ природен сјај.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет ќе ви помогне да се ослободите од вишокот на маснотии на скалпот и косата и ќе ве ослободи од првутот и чувството на постојано чешање во главата.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *