Дали знаете колку калории содржи вашиот омилен алкохолен пијалок?

Споделете со пријателите

Алкохолот е асоцијација за забава и скоро и да не постои забава без алкохол. Иако алкохолот во умерени количини може да има позитивни ефекти врз здравјето, сепак неговата козумација треба да биде ограничена. Алкохолот има директно токсично дејство врз црниот дроб и негова долгорочна употреба во поголеми количини може да предизвика сериозни проблеми со здравјето.

Кога сме кај алкохолот од аспект на здравје мораме да го имаме на ум и фактот што тој сам по себе е многу калоричен. Всушност, 1 g алкохол содржи 7 kacl, што е повеќе од калориите кои ги содржи 1 g јаглехидрати и протеини (тие содржат 4 kacl/g), но сепак помалку од мастите (9 kcal/g). Според тоа стандарден алкохолен пијалок кој содржи 10 g алкохол содржи 70 kcal но, кога на таа вредност ќе ги додадеме и шеќерите кои ги содржат соковите кои се конзумираат заедно со алкохолот, оваа вредност значајно се зголемува. Алкохолните пијалоци и тоа особено кокотелите се богати и со многу јаглехидрати, а не содржат никакви хранливи нутритиенти, па така со право можеме да кажеме дека алкохолот содржи празни калории.

alko

Освен високата калориска содржина, алкохолот негативно влијае на многу биолошки процеси во организмот. Тој ја намалува апсорпцијата на хрнливите нутритиенти, ја нагризува слузокожата на желудникот и го оштетува црниот дроб. Затоа кога бирате алкохолен пијалок, во случај да не можете да ја избегнете неговата кознумација, бирајте ги оние кои имаат помалку калории.

Прочитајте колку калории содржат најпознатите 10 алкохолни пијалоци:

  • 1 чаша (40 ml) виски – 80 kcal
  • 1 чаша (40 ml) водка – 88 kcal
  • 1 чаша (200 ml) џин тоник – 136 kcal
  • 1 чаша (125 ml) црно вино – 90 kcal
  • 1 чаша (125 ml) шампањ (12.5 %) – 95 kcal
  • 1 чаша (40 ml) коњак – 176 kcal
  • 1 чаша (125 ml) бело вино – 118 kcal
  • 1 лименка пиво (330 ml) – 150 kcal
  • 1 чаша ликер Baileys (50 ml) – 165 kcal
  • 1 чаша алкохолен коктел Маргарита (240 ml) – 455 kcal
Имајќи ги во предвид овие информации за тоа колку калории содржи вашиот омилен пијалок и знаејќи притоа дека тоа се празни калории, размислете следниот пат два пати дали да посегнете по алкохолен пијалок. Освен ризикот од дебелеење, алкохолот има и многу негативни влијанија врз целокупното здравје.
Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *