Најдобри намирници во борбата против целулитот

Споделете со пријателите

Целулитот е еден од главните проблеми меѓу женската популација, и тоа особено во летниот период. Иако не постои начин 100% да се елиминира, сепак одредени промени во начинот на живот можат многу да помогнат. Прочитајте кои намирници можат да ви помогнат во борбата против целулитот.

1) Лосос

Омега-3 масните киселини присутни во оваа риба помагаат за регенерација на кожата и придонесуваат за убав изглед на кожата. Омега-3 масните киселини од лососот поволно влијаат и врз срцето и крвните садови.

2) Чили

Зачинот чили е богат со капсацин, супстанца која го забрзува метаболизмот. Ефектот трае дури 3 часа после внесување во телото.

3) Овесна каша 

Овесната каша е одличен оброк кој ќе ви помогне во елиминирање на токсините од телото, а со тоа и на целулитот. Овесната каша содржи хранливи влакна кои ја подобруваат дигестијата и го забрзуваат исфрлањето на токсините.

oat5

4) Хумус

Хумусот е одличен затоа што го контролира ослободувањето на инсулин, што од друга страна спречува создавање на нови масни наслаги. (Рецепт како да си подготвите хумус)

5) Вода

Водата дефинитивно завзема најзначајно место во овој список. Водата помага во елиминирање на токсините од телото, но исто така водата ја прави кожата да изгледа здраво, сјајно и еластично. Внесувајте минимум 2 литри вода дневно.

44

6) Боровинки, рибизли, малини 

Бобинките како што се боровинките, рибизлите и малините содржат голем процент на антиоксиданси кои спречуваат таложење на маснотиите во ткивото. Дополнително овие намирници помаат во намалување на оксидативното оштетување на клетките со што ви го зачувуват здравјето, како и изгледот на кожата.

7) Јаболков оцет

Јаболковиот оцет содржи високо ниво на калиум и магнезиум кои помагаат во еминација на токсините од телото. Исто така јаболковиот оцет го забрзува метаболизмот, а дополнително го штити телото и од инфекции бидејќи го зголемува имунитетот.

apple-cider

8) Црно чоколадо

Црното чоколадо е полно антиоксиданси кои помаат за подобар изглед на кожата, како и за поефикасно елиминирање на токсините.

9) Сончогледови семки

Иако можеби ви звучи чудно, но семките од сончоглед се полни со хранливи материи кои го топат целулитот. Содржат витамин Е, калиум, цинк и селен. Најважно е што  сончогледот е полн со витамин Б6 кој има важна улога за јакнење и регенерирање на сврзното ткиво.

10) Ѓумбир

Ѓумбирот го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот, што помага во губењето на килограмите. Исто така коренот од ѓумбир ја забрзува циркулацијата и помага телото да го намали целулитот. Најдобри резултати ќе постигнете ако конзумирате свеж ѓумбир.

Прочитајте повеќе како на природен начин да се решите од целулитот.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *