Бојата на храната клуч на доброто здравје

Споделете со пријателите

Овошјето и зеленчукот се намирници кои обезбедуваат потребни витамини и минерали, сложени јаглехидрати и  хранливи влакна. Најголем дел од овошјето и зеленчукот имаат ниско ниво на калории, содржат природен шеќер, за разлика од десертите кои се богати со рафиниран шеќер, што може да предизвика многу проблеми со здравјето. Различните бои на овошје и зеленчук, се индикатор за различен нутритивен профил, па затоа обрнете внимание во вашето мени да имате што поразнобојна храна, со цел да ги добиете сите потребни хранливи материи.

red-fruits-and-veggies

Црвена боја

Црвеното овошје и зеленчук, како малини, домати, лубеница, црвена зелка, црвен грав, јагоди, цреши, се богати со антиоксиданси како ликопен и антоцијан. Еден домат со средна големи содржи 3.2 милиграма ликопен, каротеноид кој му помага на телото во создавањето на витамин А. Иако не постои препорака за дневна доза на ликопен кој треба да го конзумирате, експертите генерално препорачуваат од 2 до 30 милиграма ликопен дневно. Ликопенот помага во намалување на ризикот од повеќе типови на рак. Овој период од годината е совршен да конзумирате што повеќе црвено овошје како цреши, вишни, малини и јагоди.

orangefruits

Портокалова и жолта боја

Повеќето од овошјето и зеленчукот во портокалова и жолта боја, се богати со бета-каротен, кој телото го претвора во витамин А, состојка која не само што ја подобрува видот, туку и помага да се задржи доброто здравје на вашата кожа, заби и коски. Тие, исто така, содржат фолна киселина која е потребна за правилен развој на мозокот на бебето кај бремените жени. Бета каротенот е моќен антиоксиданс кој го намалува ризикот од рак и срцеви заболувања. Покрај тоа, му помага на вашето тело во борбата против настинка и грип, преку подобрување на вашиот имунолошки систем. Лимони, портокали, мандарини, манго, ананас, моркови, диња се најпопуларните овошје и зеленчук кои редовно треба да се најдат на вашата трпеза.

Eat your greens ~ spinach, broccoli, curly lettuce and asparagus. Healthy eating.

Зелена боја

Зеленот зеленчук е одличен за очите, коските и забите, а витаминот К кој го содржи спречува појава на згрутчување на крвта. Зелен лиснат зеленчук како спанаќ, целер, марула, коприви, кељ и брокула треба да се јаде секој ден. Истражувањата покажуваат дека колку повеќе зелен зеленчук јадете, толку е поздрави ќе бидете. Експертите препорачуваат зелената боја да биде важен дел од вашето секојдневно мени, и тоа по 5 до 9 порции зелено овошје и зеленчук на ден. Но, што ги прави толку здрави? Една од причините е тоа што се преполни со хранливи материи и фитохемикалии кои се наоѓаат единствено во растенијата, кои помагаат во борбата против многу заболувања и подобрување на целокупното здравје. Лутеинот, кој е моќен антиоксиданс, помага во одржување на добар вид, па затоа овој тип на зеленчук се препорачува да се конзумира почесто, особено по 55-та година од животот.

nature-wallpaper-1366x768-4137-9f738635

Сина и виолетова

Овошје и зеленчук во сина и виолетова како сливите, грозјето, боровинките, содржат антоцијани, природни растителни пигменти со моќни антиоксидансни својства, кои можат да помогнат да се намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Тие, исто така, содржи флавоноиди и елагична киселина, соединенија кои спречуваат појава на рак. Антоцијани и елагична киселина во боровинки се покажале како одлични сојузници во борбата против ракот на белите дробови, градите и панкреасот. Антоцијани и елагична киселина исто така имаат анти-воспалителни карактеристики кои  можат да спречат појава на рак на хранопроводот и на дебелото црево. Истражувањата покажуваат дека боровинките може да спречат и некои од ефектите на стареењето. Тие одлични за задржување на одлична меморија и за концентрација бидејќи ја подобруваат на комуникацијата помеѓу клетките во нервниот систем.

AMWConnections_BLOG_WhiteFruitsandVeg_AMW011-1050x574

Бела боја

Бело овошје и зеленчук, вклучувајќи ги и јаболка, круши, банани и краставици, се богати со растителни влакна, кои ќе ве заштитат од висок холестерол. Лукот, кромидот и празот се богати во фитохемикални супстанци кои се одлични за здравјето на целото тело. Експертите препорачуваат салати, сендвичи, и главни јадења со лук, кромид, и / или праз, да бидат дел од вашето мени.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *