Home Рецепти Здрави десерти Здрави бомбици од овесни снегулки и банана

Здрави бомбици од овесни снегулки и банана

17
0

Никако не можете да си го замислите денот без да посегнете по нешто благо. Затоа тука сме ние со нашите рецепти за здрави благи ужинки. За денес одбравме здрави бомбици со овесни снегулки и банана. Другите здрави рецепти пронајдете ги тука.

Овие бомбици ќе ви дадат енергија за целиот ден. Овесните снегулки се одлична намирница која ќе ве одржи сити подолго време, бананата изобилува со хранливи материи и витамини, додека темното чоколадо и циметот ќе им дадат одлична арома и вкус.

Потребни состојки:

  • 200 g овесни снегулки
  • 100 g мешавина од бадеми и лешници
  • 1 супена лажица кокосово масло
  • малку цимет
  • 1 супена лажица какао
  • 2 супени лажици мед
  • 30 g темно чоколадо
  • 2 помеки банани

Начин на подготовка:

Бадемите и лешниците ставете ги во блендер и мешајте дури не добиете ситно брашно. Потоа додадете го кокосовото масло, доколку е во цврста состојба оставете го на собна температура да омекне или загрејте го на пареа. Убаво измешајте дури не добиете хомогена смеса. Бананата исто така убаво изблендирајте ја или изгмечете ја со виљушка. Чоколадата насечкајте ја на ситни парченца. На крај сите состојки убаво измешајте ги заедно. Формирајте топчиња и печете на 180º С околу 10-15 минути.

На здравје!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here