Видео: 5 вежби за обликување на задникот!

Споделете со пријателите

“Од утре почнувам да вежбам….морам…се здебелив…и некако задникот ми е опуштен веќе…”

Дали и вие спаѓате во групата на луѓе кои постојано се убедуваат себеси дека конечно од утре ќе започете со вежбање? Ако се решите и го осознаете тоа убаво чувство после тренинг, можеби никогаш нема да посакате да престанете. Но, ако спаѓате во групата луѓе кои се презафатени, кратки тренизи од 10-15 минути дневно се правилниот избор за вас.

Во продолжение 5 вежби кои ве делат од цврст и затегнат задник. Се што ви е потребно се 10 минути, мат простирка и желба за вежбање. За изговори место нема, затоа што 10 минути во денот можете секако да си посветите себеси.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *