Home Исхрана Вистини за безглутенската исхрана

Вистини за безглутенската исхрана

8
0

Сѐ повеќе и повеќе во продавниците за здрава храна гледаме ознаки – безглутенски производи. Тоа е добра вест за луѓето со целијачна болест, кои поради здравствени причини не треба да конзумираат глутен. Сепак, поголемиот дел луѓето кои посегнале по производи без глутен, немаат нетолеранција на истиот. Понудата на производи без глутен, сепак, е се поголема, а тоа е поради фактот дека луѓето ја перцепираат исхраната без глутен како поздрава. Но, која е вистината за глутенот?

За луѓето со целијачна болест, исхраната без глутен е од суштинско значење, но за останатите ваквиот тип на исхрана може да предизвика недостаток на витамини, минерали и хранливи влакна. Целијачна болест или целијакија е состојба кога глутенот, протеин што се наоѓа во пченицата, ‘ржта, овесот и јачменот, ја оштетува слузницата на ѕидовите од тенкото црево, што доведува до недоволна апсорпција на нутритиентите и со тоа до состојба поврзана со потхранетост. Штом глутенот се исфрли од исхраната, ѕидовите на цревата се обновуваат, но луѓето со овој проблем целиот живот мора да внимаваат на исхраната со цел да спречат повторно појавување на оштетувањето. Симптомите на целијачна болест вклучуваат дијареа, анемија, болки во коските и црвенило на кожата кое се нарекува дерматитис херпетиформис. Но, целијачна болест често има малку или никакви симптоми.

Некои луѓе може да се чувствителни на глутен, но да немаат директна целијачна болест. Овие луѓе можат да се чувствуваат подобро на диета со помалку глутен. Но, што е со оние кои ја се приклучуваат на овој тип на диета без никаква сензитивност на глутен?

За почеток, безглутенската исхрана значи да се каже не и на многу познати и здрави намирници. Глутенот е протеин што се наоѓа во пченица, јачмен и ‘рж. Глутенот сам по себе не нуди посебна нутритивна корист. Но, храната од цело зрно кое содржи глутен е богатa со витамини и минерали, како витамин Б, железо и хранливи влакна. Истражувањата покажуваат дека храната од цело зрно, како дел од здравата исхрана, може да помогне во намалување на ризикот од срцеви заболувања, дијабетес тип 2, како и кај некои форми на рак. Иако неколку типови на зрна не содржат глутен, како просото, киноата и амарантот, сепак, исхраната  која значи елиминирање на пченица, јачмен, ‘рж е навистина тешка.

Бидејќи пченицата е присутна во речиси секоја храна која ја конзумираме секојдневно, безглутенската исхрана ќе значи елиминирање на храна како леб, крекери, житарици, тестенини, печива како и широк спектар на преработена храна направена со мали количини на глутен. Секој пат кога елиминирате храна која досега сте ја конзумирале, се соочувате со ризикот од недостаток на хранливи нутритиенти. Експертите предупредуваат дека голем број на безглутенски производи имаат ниско ниво на важни хранливи материи, вклучувајќи витамини Б, калциум, железо, цинк, магнезиум и влакна.

Доколку немате дијагностицирано чувствителност на глутен, тогаш не треба да се изложувате на овој тип на исхрана. Храната која е обележана како безглутенска, по автоматизам не значи дека е здрава. Дел од неа е богата со заситени масти или холестерол или пак имаат високо ниво на калории и малку нутритивна вредност.

Основата на исхраната без глутен, како и секоја друга диета, е конзумирање на природна храна. Помалку масно месо и риба, овошје и зеленчук, млечни производи со ниска масленост се најчесто препорачани за оние кои страдаат од чувствителност на глутен. Тука се и зрната кои не содржат глутен како киноа, амарант и просо, како и производи направени од нив како леб, мусли и тестенини.

Сепак, ако сакате да внимавате на исхраната, нема потреба да се изложувате на исхрана која е многу рестриктивна, а се однесува на оние кои имаат целијачна болест. Постојат голем совети за исхрана кои може да ви помогнат да се чувствувате здраво, без да се лишувате од важни нутриенти. Важно е да знаете дека глутенот не дебелее, дури некогаш безглутенскиот леб, на пример, може да има поголем број на калории од обичниот леб. Суштината е следна: ако внесете повеќе калории отколку што може да потрошите, организмот ќе ги зачува како маст. Затоа имајте во предвид ваков тип на исхрана пред да се одлучите да исхрана без глутен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here