Вкусен и ниско калоричен сендвич

Споделете со пријателите

Без разлика дали сте во потрага по брз и лесен сендвич за на работа или за вкусен сендвич како викенд ручек, ви предлагаме ниско калоричен сендвич кој е полесен и поздрав од класичните купечки сендвичи.

Потребни намирници:

  • неколку филети од лосос
  • ¼ сечкан црвен кромид
  • 2 лажици цеден сок од лимон
  • 1 лажица маслиново масло
  • 8 парчиња интегрално лебче
  • 4 лажици крем сирење со ниска масленост
  • 2 ливчиња зелена салата
  • неколку парчиња домат

Начин на подготовка:

Филетите од лосос пропржете ги на маслиново масло, само по неколку минути од двете страни. Откако ќе ги пропржите, исечкајте ги на поситни парчиња, ставете ги во еден сад и додадете го кромидот, сокот од лимон, малку маслиново масло и сол и бибер.

Намачкајте по една лажица крем сирење со ниска масленост на секое парче леб. Потоа ставете одозгора од салатата со лосос и од парчињата домат и зелена салата. На крајот завршете со уште едно парче лебче одозгора.

На здравје!

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *