Тоблероне чоколадото е една од омилените чоколади скоро за сите генерации. Дали би можеле да одолеете на едно вакво слатко задоволство во здрава варијанта?
Потребни состојки:
- 200 g темно чоколадо со 70% какао
- 200 g мелени лешници (можете да ги замените со бадеми, или пак да направите мешавина)
- 2 јајца
- 6 лажици путер или кокосово масло
- 200 g интегрални бисквити
- 200 g кафеав шеќер.
Начин на подготовка:
Половина од шеќерот (100 g) ставете го да се стопи (карамелизира), и во него додадете ги половината лешници (100 g). Убаво соединете го шеќерот со лешниците и оставете го настрана да се излади.
Во друг сад со миксер изматете ги јајцата и остатокот од шеќерот дури не добиете убава пенеста структура.
Путерот или кокосово масло истопете го на пареа и соединете го со смесата со јајцата. Во таа смеса додадете ја и стопената на пареа чоколада и остатокот од лешниците.
Карамелата и лешниците ситно исечкајте ги и додадете ги на смесата. На крај додадете ги и мелените интегрални бисквити, и сè заедно убаво соединете.
Излијте ја содржината во триаголен калап и ставете ја во фрижидер околу 2-3 часа да се стегне.
Добар апетит! 🙂
Повеќе идеи за здрави десерти пронајдете тука.








