Оваа здрава комбинација од семиња содржи се што ви е потребно за убав почеток на денот. Придобивките од конзумирањето на сите овие семиња секојдневно се многубројни. Ќе си обезбедите внес на многу витамини, микроелементи, антиоксиданти и ќе придонесете за зајакнувње на имунитетот. Комбинацијата од овие состојки овозможува на телото да му обезбедите енергија и правилно да го нахраните.
Потребни сосотојки:
- 100 g ленено семе
- 100 g интегрален сусам
- 100 g семки од сончоглед
- 100 g семки од тиква
- 100 g чија семе
- 100 g гоџи бобинки
- 50 g семе од коприва
- 1 тегла мед
- сок од 2 лимони
Начин на подготовка:
Сите семиња се мешаат дури смесата не стане хомогена, потребно е лененото семе, сусамот, сончогледот и семките од тивка да бидат мелени. Кога убаво ќе се соединат се додава медот и се продолжува со мешање, па на крај се додава сокот од лимон кој убаво ја врзува смесата. Од овие состојки се добиваат 2 тегли од мешавината со семиња.
Најдобро е да се конзумира една супена лажица наутро на гладно. Исто така доколку во денот почувствувате желба за благо слободно посегнете по мешавината, на тој начин ќе избегнете непотребно внесување на рафинирани шеќери.








